Седумдесет и шестгодишен скопјанец починал во куќа во Карпош додека работел како водоводџија.
„Вчера во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа, на подрачјето на Карпош, каде извршувал поправки како водоводџија, починал МТ.(76) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопштија од полицијата.