Судот го прифати предлогот на ОЈО ГОКК за определување мерки за претпазливост против шестемина полициски службеници кои се осомничени за пожарот во Кочани. Тие попладнево беа спроведени и се произнесоа во судот во однос на предлогот на јавниот обвинител.
Мерките кои ги определи Судот се: одземање патна исправа, забрана за напуштање живеалиште, јавување во суд, забрана за контакти со останати обвинети/осомничени и забрана за преземање одредени работни активности. Еден од новоосомничените за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, исто така полицаец, е во бегство.