Почитувани, во врска со објавените тврдења и фотографии коишто преку одредени медиуми ги пласира општината Карпош, би сакале да ја информираме јавноста дека посочената фотографија е снимена и објавена пред неколку години и ни најмалку не ја отсликува реално моменталната состојба со подигнувањето на отпадот во оваа скопска општина.
Воедно, ве информираме и дека подигнувањето и транспортот на комуналниот отпад од контејнерите и од кантите во индивидуалните домаќинства во општината Карпош се одвива согласно вообичаената динамика предвидена со Оперативниот план за собирање комунален отпад на територијата на градот Скопје. Ја поздравуваме идејата на општината да го засили инспекцискиот надзор на терен и ги охрабруваме конечно барем еднаш и да санкционираат некој од бројните прекршители на Законот за одржување на јавната чистота кои секојдневно непрописно одлагаат отпад на јавните и сообраќајните површини во оваа скопска општина. Прилог: Фотографија од моментална состојба во о.Карпош