18.8 C
Скопје
16/04/2025 20:00
МАКТЕЛ

    

Кога ќе почне да се гради ветерниот парк крај Штип: „Алказар енерџи“ сѐ уште чека евтин кредит од фондовите на Белата куќа

      

Најголемите инвеститори во „Алказар енерџи“ се државните банки и инвестициски фондови на САД, Германија, Франција, Холандија, Кина и на Австрија. Од нив се чекаат евтини кредити за да се почне со изградбата на „Штипски ветерен парк“. Инвестицијата во Македонија предизвика бројни реакции во јавноста затоа што, освен тоа што ќе се вложат 450 милиони евра во ветерници и ќе се остварат 630 вработувања во градежниот сектор додека трае изградбата, владата не откри дали Македонија ќе добие евтина електрична енергија. Пишува: Орце КОСТОВ Компанијата „Алказар енерџи“, која ќе го гради најголемиот ветерен парк со капацитет од околу 400 мегавати на делови од територијата на општините Штип, Карбинци и Радовиш, сѐ уште не ги  собрала средствата за изградбата на инвестицијата вредна 450 милиони евра. Според последните информации што ги доби „Фокус“, инвеститорот најверојатно нема да почне да гради во 2025 година, како што беше најавено, затоа што во третиот квартал од 2025 се очекува да се финализираат сите работи околу издавањето на дозволите. По собирањето на документацијата, проектот ќе достигне фаза „подготвен за изградба“.

Според временската рамка за развој на проектот, очекуваме дека сите работи за издавање дозволи ќе бидат финализирани до почетокот на 2025 година по што проектот би ја достигнал фазата „подготвен за изградба“. Паралелно со развојните активности, „Алказар енерџи“ напредува во разговори со меѓународни и регионални финансиски институции кои ќе обезбедуваат должнички олеснувања, што е типично за реализација на проекти од ваков обем. До денес добивме силен интерес од банките и меѓународните развојни финансиски институции, кои се подготвени да учествуваат во ваков важен инфраструктурен проект. Тимот на „Алказар енерџи“ е посветен на успешната имплементација на проектот „Штипски ветерен парк“ и ги обезбеди потребните финансиски и технички ресурси за да го спроведе навреме и според највисоките индустриски стандарди“, рекоа од „Алказар енерџи“ за „Фокус“.

   

Паркот ќе се простира на површина од 326 хектари, ќе има 54 генератори на ветерни турбини, кои преку новоизградена трафостаница годишно ќе произведуваат над 860 гигават-часови електрична енергија и ќе влегува во националната енергетска мрежа. Ќе се постават 80 километри подземни кабли и ќе се реконструираат старите патишта и ќе се изградат нови за потребите на ветропаркот во вкупна должина од 68 километри и приближно седум километри 400-ватен далековод, кој ќе ја поврзува трафостаницата со електричната мрежа. Фазата на изградба ќе трае приближно 3 години, а оперативната фаза ќе почне со поврзување на ветерниците со националната мрежа. Ветерниците ќе се изградат на земјиште од 5 и 6 категорија за кое инвеститорот ќе треба да плаќа долготраен закуп за кој сѐ уште не е утврдена цена, барем за земјиштето што го поседуваат државата или општините. Во моментов се работи на процес на евалуација на земјиштето и потоа ќе се премине кон договарање на цената за закуп со државата и приватните сопственици.

Македонија ја доживуваме како стратешки пазар во нашето портфолио. Нашите инвестиции ги структурираме околу пристапот на добар сосед, секогаш насочен кон градење блиски и силни односи со општината и со сопствениците на земјиштето. Следејќи го процесот на евалуација на земјиштето, кој е во тек, имаме за цел да се ангажираме со сопствениците на земјиштето за да разговараме и да се договориме за цената и другите услови на долгорочното партнерство и соработка, во согласност со меѓународните стандарди за најдобра практика. Целото проектно земјиште (и јавно и приватно) ќе биде обезбедено со долготраен закуп или договори за службеност под услови прифатливи за сите страни, објаснија од „Алказар енерџи“. Компанијата инвеститор поседува план за земјиштето на тромеѓето меѓу општините Штип, Карбинци и Радовиш, според кој, најголем дел од земјата е државна, а само мал дел е во приватна сопственост. Компанијата ќе гради на истата локација и врз основа на почнат проект од 2009 година на шпанската компанија „Инвал“, кој никогаш не беше реализиран. Единствената новина е што, наместо тогашните 60, сега ќе се инсталираат 54 ветерници поради тоа што турбините сега имаат различна технологија и се пошироки.

„Алказар“ се повикува и ги користи старите документи низ македонските институции, вклучително и Решението за спроведување оценка на влијание, што, според екологистите, е пропуст на нашите институции, бидејќи се работи за друг и сосема нов проект. КОЛКУ ПАРИ, ТОЛКУ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Најавата за изградба на нов ветерен парк во Македонија предизвика бројни реакции во јавноста затоа што, освен тоа што ќе се инвестираат 450 милиони евра во ветерници и ќе се остварат 630 вработувања во градежниот сектор додека трае изградбата, владата не откри што ќе добие Македонија. Целата енергија генерирана од ветерниот парк ќе биде испратена до националната мрежа и ќе придонесе за декарбонизација на мешавината за производство на енергија во Македонија и намалување на влијанието на данокот за јаглерод од ЕУ што ќе ја направи извозната индустрија на Македонија поконкурентна. „Алказар енерџи“ ќе инвестира во надградба на мрежната инфраструктура на Македонија на приклучното место во корист на операторот на преносниот систем, бидејќи дел од изградената инфраструктура ќе биде префрлена на МЕПСО.

Како што е случајот со сите инвестиции на „Алказар енерџи“ за време на развојот, изградбата и работењето, ангажираме локални компании да ги извршуваат работите на терен. Во моментов тесно соработуваме со седум македонски компании кои нѐ поддржуваат со развојни активности и обезбедување на потребните проектни дозволи. За време на фазата на изградба, овој број ќе се удвои и нашите главни изведувачи ќе продолжат да се потпираат на локални подизведувачи и даватели на услуги за различни градежни работи. „Во Алказар енерџи“, силно веруваме дека кога ревносно и одговорно се управуваат проектите за обновлива енергија, тие носат позитивно локално влијание. Освен ангажманот на локалната работна сила за време на изградбата и работењето, проектот ќе обезбеди подобрени и побезбедни пристапни патишта и нови внатрешни патишта кои ќе ја подобрат мобилноста на локалната заедница околу локацијата на проектот. „Алказар енерџи“ отсекогаш инвестирал во иницијативи на локалната заедница и ќе се ангажира со различни групи засегнати страни за да идентификува и спроведе влијателни иницијативи во локалната област“, гласи одговорот од „Алказар енерџи“.

Но, освен приходите од данокот на добивка, не е јасно колку ќе заработи земјава од инвестицијата од закупот на државното земјиште во следните 30 години и дали Македонија ќе добива поевтина електрична енергија од оние ветерници. И најголемото прашање што се провлекува е зошто Македонија не е коинвеститор во овој проект, „Фокус“ побара одговори од Министерството за енергетика, но не доби одговор, а од компанијата инвеститор потенцираа дека немаат корист од јавно приватно партнерство со земјава, нешто што било пракса за претходните проекти со обновливи извори на енергија во Македонија. Нашата инвестиција е направена без владина поддршка и нема бенефит од структурата на Јавно приватно партнерство, која историски била достапна за проектите за обновливи извори на енергија во земјата. Со цел да се обезбеди финансирање, „Алказар енерџи“ ќе покрене среднорочен и долгорочен аранжман за осигурување на проектот. Целата енергија произведена од ветерниот парк ќе биде испратена до националната мрежа, која испорачува електрична енергија до граѓаните на Македонија“, велат од компанијата за „Фокус“.

Професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола, поттикнат од најавата за оваа инвестиција, со посебен осврт се насочи кон анализа на најавената инвестиција на социјалните мрежи. Тој потенцира дека „ветропаркот нема да биде македонска инвестиција, туку ќе биде странска директна инвестиција од странски инвестициски фонд. Потоа, Трајковски посочува дека ќе се разгледаат главните поенти од објавата, со цел да се разбијат некои митови. – Странскиот инвеститор ќе го изнесе профитот во фондот во Луксембург, од каде што ќе им исплатува солидни дивиденди на инвеститорите. Единствениот ќар би бил данокот на добивка од 10 отсто, но и тука нема екстра придобивка, бидејќи доколку инвестиравме самите, данокот секако би се уплатувал во буџетот – укажува професорот Трајковски. Тој, исто така, посочува дека „Македонија нема да добива 18 отсто од произведената струја, како надомест за локациите, а општините ќе добиваат некаков мизерен надоместок на име закуп. Бидејќи се работи за земјиште од V и VI категорија на планините, за 50-60 хектари не би добиле повеќе од половина милион евра годишно.

Ова, вели тој, е премала цена за изгубените локации, каде што Македонија би можела самата да гради ветропаркови, а на овој начин се лишува од нив во следните 30 години“. – Чудно е зошто оваа „инвестиција“ не беше рекламирана во изборната програма на владејачката партија. Но, сега станува помалку чудно зошто молчеле додека ние, инженерите се боревме против раскрчмувањето на Чебрен и гасната централа на Митилинеос за време на владеењето на претходната власт. Сега гледаме дека, всушност, се работи за две страни на една иста паричка. Четврто, не стана ни збор за балансирањето на предложениот ветропарк. Да претпоставиме дека Македонија нема да има обврска да им го откупува целокупното производство. Но, во тој случај, зар странците би прифатиле толку висок ризик да ја продаваат електричната енергија „ден однапред“ (day ahead) и да ризикуваат следниот ден – доколку нема ветер – да плаќаат по 105 евра/MWh за балансирање, односно покривање на количествата што не ги испорачале? – прашува Трајковски.

КОЈ ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕТРОПАРКОТ? „Алказар енерџи“ е, всушност, независен одржлив фонд со седиште во Луксембург и тим советници стационирани во Дубаи. Основан е во 2014 година и во своето портфолио наведува дека за четири години станал најголем инвеститор во проекти за обновливи извори во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка. – Ние со своите партнери пред десетина години решивме дека ќе бидеме инвеститори во пазари во развој. Дојдовме во Македонија, каде што соларната и ветерната енергија сè уште не се толку присутни – рече Даниел Калдерон, извршен директор на „Алказар енерџи“. Идејата за проектот за овој ветерен парк се актуализираше во јавноста од 2009 година, кога со него се поврзуваа бизнисменот Стефан Пулејковски и шпанската фирма „Инвал“. – Секогаш кога Алказар енерџи ќе дојде во земји, како Македонија, Црна Гора, Египет и Јордан, имаме локален партнер. Најчесто овој локален партнер има доста одработено во дело на подготовка и развој на оваа активност бидејќи треба да се анализира земјиштето, да се види контекстот, какви технологии треба да се применат. Така што, Стефан го спроведуваше тој дел од проектот, ги завршуваше тие работи и сега ние доаѓаме во момент кога гледаме дека политичкиот прозорец е исправен, економскиот контекст е поволен, трошоците за технологијата се поволни за ова да може да се реализира на начин на кој е потребен – рече Калдерон.

Калдерон, кој зборуваше во Скопје, е меѓу 37-те лица претставени како дел од тимот на „Алказар енерџи“ на официјалната веб-страница. Меѓу нив е и Жарко Василев, менаџер за финансии, кој ќе биде одговорен за работите поврзани со инвестицијата во Македонија. По пробивањето на бизнисот на Блискиот Исток и Северна Африка, тие го отвораат и фондот со седиште во Луксембург. На официјалната веб-страница се објавени и инвеститорите во вториот инвестициски циклус на „Алказар“, во кој од 2022 година наваму се собрани 490 милиони  долари за проекти за обновливи извори на енергија, привлекувајќи капитал од Блискиот Исток, Европа, Северна Америка и Европа. Најавите се дека во овој циклус, „Алказар“ ќе создаде над 1,6 гигават-часови зелена енергија и ќе привлече 2 милијарди долари директни инвестиции за своите проекти.

Најголеми инвеститори во „Алказар енерџи“ се државните банки и инвестициски фондови на САД, Германија, Франција, Холандија, Кина и Австрија. Заеднички именител на сите инвеститори што ги анализира „Фокус“ е вложувањето во енергија од обновливи извори во земјите во развој, како Македонија, Србија и Црна Гора. Фондот привлекол 8 големи инвеститори, како што е американската меѓународна финансиска корпорација за развој (DFC). Оваа корпорација е, всушност, државна финансиска институција на Белата куќа, која вложува во приватниот сектор, посебно во проекти што ги трансформираат земјите во развој на Балканот и на Блискиот Исток. Во бордот директори на ДФЦ се и две лица од кабинетот на Трамп – државниот секретар Марко Рубио, кој се грижи за надворешната политика на претседателството преку Стејт департментот, како и секретарот за финансии Скот Бесент. Потоа, во бордот членуваат Ирвинг  Бејли, во улога на постар советник, Кристофер Винс како претседател на бордот и сопственик на „ТРЦ компанис“ – приватна компанија, која изработува проекти за електрични и енергетски системи, цевководна инфраструктура, патишта и автопатишта, како и Девен Парек, кој доаѓа од инвестицискиот фонд „Инсајд партнерс“ од Њујорк.

Оваа американска владина институција е формирана во првиот мандат на претседателот Трамп во 2019 година, со цел да се инвестира заедно со приватни компании во земјите во развој. Еден од инвеститорите е Меѓународната финансиска корпорација (IFC). ИФЦ е членка на Групацијата на Светска банка и е најголемата глобална развојна институција фокусирана на приватниот сектор на пазарите во развој. Ја води сенегалскиот економист и бивш министер за финансии на земјата, Махтар Диоп, кој е еден од најголемите луѓе во Африка. Трет инвеститор во фондот што ќе гради ветропарк во Македонија е „Proparco“, финансиска институција од Франција, која е огранок за финансирање на приватниот сектор на Агенцијата за развој на Франција. Нејзиното дејствување се фокусира на клучните развојни сектори: инфраструктура, главно за обновливи извори на енергија, агробизнис, финансиски институции, здравство и образование. Франсоа Ломбар беше назначена за главен извршен директор на „Пропарко“ од страна на одборот директори на 25 март 2022 година. Претходно, таа беше финансиски директор на државната агенција за развој на Франција.

Еден од големите инвеститори во фондот на „Алказар“ е германската „KFW DEG“, подружница на германската државна инвестициска и развојна банка „KFW“ со седиште во Франкфурт. Deutsche Investitions- und Entwicklungsgesellschaft (DEG) е развојна финансиска институција (DFI) и подружница на „KfW Group “. Основана е во Келн, во септември 1962 година, како компанија во федерална сопственост. Со портфолио од околу 9,2 милијарди евра во речиси 80 земји, DEG е еден од најголемите светски финансиери за развој на приватниот сектор. Од 2014 година, „KFW“е најголема светска банка за национален развој, а од 2018 година, трета по големина банка во Германија според билансот на состојба. „KFW“ е во сопственост на Сојузна Република Германија (80 проценти) и државите на Германија (20 проценти). Ја предводи петчлен извршен одбор на чело со извршниот директор Стефан Винтелс. Во меѓувреме, развојната банка, освен што инвестира во „Алказар“, му одобри на македонскиот државен енергетски оператор ЕСМ кредит од 55 милиони евра за изградба на фотоволтаичната електроцентрала.

Станува збор за изградба на фотоволтаичната електроцентрала „Битола 2“ и реализацијата на втората фаза од изградбата на ветерниот парк „Богданци“, а вкупната инвестиција е 55 милиони евра. Од нив, 47,3 се за Битола 2, а остатокот е за ветерниот пар Богданци. Инвеститор во ветропаркот преку „Алказар“ ќе бидат „OeEB“, развојна банка на Австрија, во целосна сопственост на централната банка во земјата, Европската инвестициска банка (ЕИБ), која е банка формирана од ЕУ и сопственост на 27 земји-членки на ЕУ. Претседател на најголемата мултилатерална финансиска институција во светот е Надја Калвино од Шпанија. Друг инвеститор е Азиската банка за инвестиции во инфраструктурата (AIIB), која е мултилатерална развојна банка и втора по големина мултилатерална развојна институција во светот, со седиште во Пекинг, која брои 110 членови. Почетниот капитал на банката беше 100 милијарди американски долари, што е еквивалентно на две третини од капиталот на Азиската банка за развој и околу половина од капиталот на Светска банка.

Банката од 2014 година добива највисок кредитен рејтинг од трите најголеми рејтинг-агенции во светот, и од своето основање се гледа како потенцијален ривал или алтернатива на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Претседател на одборот директори е Џин Ликун од Кина. Во „Алказар“ ќе инвестира и Швајцарскиот инвестициски фонд за пазари во развој (СИФЕМ) основан како приватна компанија во целосна сопственост на Конфедерацијата, потоа ФМО – холандска развојна банка структурирана како билатерална меѓународна финансиска институција од приватниот сектор со седиште во Хаг, Холандија. Меѓу другото, ФМО управува со средства за министерствата за надворешни работи и економски прашања на холандската влада. Холандската влада поседува 51 отсто од акциите, но ФМО работи како комерцијална компанија. „AllianzGI“ е, исто така, инвеститор во „Алказар“. Оваа фирма за управување со инвестиции стана позната по еден од најголемите случаи со измами, во која фондот изгуби 6 милијарди долари во 2020 година. Таа е фирма-ќерка на „Алијанц“, најголемата осигурителна компанија во светот со седиште во Минхен, која управува со 2.432 милијарди евра во моментов.

Последен инвеститор во „Алказар“ е нам добропознатата Европска банка за обнова и развој (ЕБОР). Со седиште во Лондон, ЕБОР е во сопственост на 73 земји и две институции на Европската Унија, а најновиот акционер е Алжир од октомври 2021 година. ИЗВОЗ, НАМЕСТО УВОЗ НА СТРУЈА Пред промоцијата на инвестицијата во Северна Македонија, во јуни 2024 година, претставниците на „Алказар енерџи“ имаа состанок во Владата со премиерот Мицкоски, кој, пак, рече очекува дека оваа инвестиција ќе ја зголеми енергетската независност на државата. – Кога зборуваме за енергетски независни, зборуваме за енергетски независни во делот на електричната енергија. И тоа може да се реализира само со детален план за енергетиката, каде што верувам и знам дека ќе имаме голем напредок – рече тогаш Мицкоски. Тој рече дека целта е од земја увозник, „да станеме и земја извозник на електрична енергија“. Инаку, енергетската компанија влезе на пазарот со енергија од обновливи извори и во Србија и во Цена Гора. На белградскиот енергетски форум 2024 година, „Алказар“ ја откри амбицијата да заврши две или три аквизиции на проекти за обновлива енергија во следните неколку квартали за да достигне 1 GW капацитет во Западен Балкан. „Алказар енерџи партнерс“ објави потпишување договор со RP Global за да ги обезбеди правата за развој, изградба и функционирање на „Project Celzijus 1“, копнениот проект за ветерна енергија од 200 MW, заедно со цевковод од 768 MW проекти од ветер и соларна енергија во Србија. Се работи за најголемата платформа за обновлива енергија во регионот, со вкупна вредност од 1,2 милијарди американски долари. Пред еден месец „Алказар“ го потпиша договорот за поврзување на мрежата за проект за ветерна енергија Бијела од 118,8 MW во Црна Гора. Најголемиот парк со ветерници во Црна Гора ќе обезбеди чиста енергија за повеќе од 16.000 домаќинства. Текстот е објавен на 27 февруари 2025 година во неделникот „Фокус“, во бројот 1.534.

  

Најново

Велигденски донаторски настан – Вработените на ЕВН за Кочани

Sase Ivanovski

Бугарија за Коридор 8: Тунелот на границата зависи само од одобрувањето на Македонија кое го чекаме три месеци

Sase Ivanovski

МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за тешки дела против општата сигурност за 10 полициски службеници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИНСПЕТКОРИ НА ГРАД СКОПЈЕ ПАТРОЛИРАЛЕ ПОКРАЈ ПОЛНИ КОНТЕЈНЕРИ И КАЗНИЛЕ ГРАЃАНИН КОЈ ОСТАВИЛ ЃУБРЕ ПОКРАЈ НИВ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Груевски е Марадона за Мицкоски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: Посветени за нови инвестиции и нови можности за Македонија

Sase Ivanovski

Пожар во скопски ресторан, има сомнежи дека е подметнат

Sase Ivanovski

Путин, а не Европа, ја продолжува војната во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Српските студенти со велосипеди пристигнаа во Стразбур

Sase Ivanovski

Бајден го нападна Трамп во својот прв говор откако ја напушти Белата куќа

Sase Ivanovski

Таравари ќе оди со посебни листи за советници на локалните избори, отворен е за соработка за кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

САД ги укина санкциите за Антал Роган, соработник на премиерот на Унгарија Виктор Орбан

Sase Ivanovski

Делегацијата на ЕУ во Скопје за скандалозниот избор на Богојески: ја имаме предвид загриженоста за неговиот избор

Sase Ivanovski

Еден месец подоцна: Кочани меѓу трагедијата, гневот и потрагата по одговорност

Sase Ivanovski

ЦПИА: Родовите бариери сè уште присутни во правосудството

Sase Ivanovski

Четири лица осомничени за тешки кражби од ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје

Sase Ivanovski

Демант на ЈП Комунална Хигиена на изјава на градоначалникот Горан Герасимовски

Sase Ivanovski

Директен пренос на натпреварот помеѓу Вардар и Црвена звезда на МТВ

Sase Ivanovski

2 часа патување за 60 секунди: Кина го гради највисокиот мост во светот

Sase Ivanovski

Кирков: Да им дадеме шанса на вработените во „Лајка“ за проблемот со бездомната популација на животни да биде решен

Sase Ivanovski

Дурмиши: Со законско решение ќе се регулира вработувањето на сезонски работници, целта е намалување на сивата економија

Sase Ivanovski

Претседателот на Собранието учествуваше на презентацијата на Годишниот извештај за 2024 година на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Sase Ivanovski

Таравари: Успешно извршена нова – петта трансплантација на црн дроб, трансплантирани бубрези и прва баријатриска интервенција на Клиника за дигестивна хирургија.

Sase Ivanovski

Герасимовски: Традиционалниот пролетен атлетски крос ги обедини основците од Центар

Sase Ivanovski

Мерки на претпазливост за шестмина полицајци осомничени за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Што им беше ветено на српските студенти од европарламентарците

Sase Ivanovski

Инцидент во скопска фирма: Маж на вработена му се заканувал на директорот од Турција

Sase Ivanovski

Полицајци од Аеродром ќе одговараат, не проверувале дали осомничен бил во куќен притвор

Sase Ivanovski

Предметот за сообраќајката во која загина Иван Билински се враќа пред Апелација – Врховен ја прифати жалбата на Вишото обвинителство

Sase Ivanovski

Пет лица повредени во сообраќајка во Делчевско

Sase Ivanovski

Започнаа градежните работи за асфалтирање во селото Здуње, Лимани: Работите се очекува да завршат следниот месец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Белкиса Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за тешки дела против општата сигурност за 10 полициски службеници, шест се лишени од слобода, по еден се трага, тројца веќе се во притвор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата, наместо навремени набавки на вакцини за сезонски грип и ковид, тие мислеа на провизии

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

Sase Ivanovski

Бочварски: Тошковски требаше да поднесе оставка за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен жител на Липково, со БМВ возел 96 км на час на место каде е дозволено 40 км на час

Sase Ivanovski

Коста Костадиновски: Берзата наградува трпение и професионалност

Sase Ivanovski

Трипуновски: Работиме да се зголеми сточниот фонд, секогаш ќе бидеме на страната на фармерите

Sase Ivanovski

Дурмиши: Трговците во малопродажба од 18 април ќе треба да ги објават јавно цените на сите производи на своите веб страни

Sase Ivanovski

Трипуновски: Изминативе месеци сериозно работевме во чистење на каналската мрежа, рестрикции на вода нема да има

Sase Ivanovski

Тимот на „Солуција“ и „Замисли“: Граѓаните да се обединат за вистински луѓе на вистински места – „Замисли“ со дебата „Кажи си ја маката“ во Велес

Sase Ivanovski

Стара фотографија од затвор во Ел Салвадор искористена за подбуцнување говор на омраза кон САД

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски и Перински на работна средба во Центар

Sase Ivanovski

Скопје ја загрозува навремената изградба на Коридорот 8, кој е многу важен за НАТО и ЕУ, обвинува Буг

Sase Ivanovski

(ФОТО) Купишта ѓубре во коритото на Серава, покрај неа „никнала“ и дива депонија

Sase Ivanovski

Трамп: Бајден беше најлошиот претседател, дозволи милиони криминалци да влезат во САД

Sase Ivanovski

Таравари се откажа од Вреди, Вреди од Таравари, но од Владата никој не се откажува

Sase Ivanovski

Еден месец по пожарот во Кочани – Полицијата апси полицајци, ама пензионирани!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема – Интервју со државниот обвинител Љупчо Коцевски

Sase Ivanovski

Трагедија во Кина: Почина репрезентативец на Габон, полицијата истражува три сценарија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Лемури-близначиња се најновата радост во Зоолошката градина Скопје

Sase Ivanovski

Четворица руски новинари осудени во Москва на затворски казни како екстремисти

Sase Ivanovski

Водоводџија почина во куќа во Карпош додека вршел поправки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Влатко Милошевски: Колекција на заборавено ликовно богатство инспирирано од Македонија е изложена во Музеј на Град Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Муцунски:  Од страна на Светскиот економски форум, избран сум за еден од Младите глобални лидери за 2025 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РИА Новости си го избриша видеото од лансирањето на дрон од центарот на Москва, откако гневните блогери алармираа дека тоа го прави градот легитимна воена цел

Sase Ivanovski

Над 200 пациенти во Македонија чекаат трансплантација на орган

Sase Ivanovski

Нова серија напади врз француските затвори, нема да отстапиме, велат властите

Sase Ivanovski

Не треба да и се дава легитимитет на руската инвазија врз Украина со присуство на парадата во Москва на 9 мај

Sase Ivanovski

Горан Герасимовски: Денеска бев домаќин на министерот за локална самоуправа Златко Перински

Sase Ivanovski

Изградба на нова градинка кај Расадник која ќе прими 120 деца

Sase Ivanovski

МВР со детали за вчерашната сообраќајка во Аеродром: Tри лица се тешко повредени

Sase Ivanovski

Дискриминацијата треба да се санкционира, време е и Уставниот суд да се појави на сцената, вели Сиљановска Давкова

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Д-р Стојановиќ: Македонија има ист број болни од рак на бели дробови колку Србија, која е три пати побројна!

Sase Ivanovski

Млад возач со БМВ возел 96 км/ч во место каде што е дозволено да се вози 40 км/ч

Sase Ivanovski

Ова ли е причината заради која Швајнштајгер и Ана се разведуваат?! Фудбалерот сите го обвинуваат

Sase Ivanovski

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Sase Ivanovski

Кадиевска: Трамп е еднинствениот американски претседател кој отворено кажува дека одржливоста на економијата во САД веќе подолг временски период е доведена во прашање

Sase Ivanovski

Претрес во Битола, пронајдена дрога лишено едно лице

Sase Ivanovski

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ е партија која што ја обезвласти ДУИ

Sase Ivanovski

МЗШВ: Со вчерашната исплата на 292.614.813,00 денари кон 4.574 млекопроизводители, субвенциите за млеко се целосно сервисирани

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да кажат кој е патот до златна виза во Дубаи, додека викаа дека ќе ја спасуваат Македонија тие ги спасувале милионите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Влогот во земјоделството е влог во иднината, грантови од 10 илјади евра за младите земјоделци, субвенции за млекопроизводителите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода косовски државјанин поради давање поткуп

Sase Ivanovski

Герасимовски: Вложуваме во проекти што го градат културниот идентитет на Центар

Sase Ivanovski

Пронајдени седум мигранти, приведен криумчарот

Sase Ivanovski

Мециновиќ: „Политичарите своите неуспеси ги кријат зад интеграциите“

Sase Ivanovski
Вчитувам....