Кај дваесеттина од повредените во несреќата во Кочани ќе им биде потребна подолготрајна рехабилитација, кај некои од нив тој процес на заздравување би можел да потреае и до две години, посочи министерот за здравство, Арбен Таравари. – Направена е евалуација од експерти од Велика Британија за тоа колку време ќе е потребна за нивна рехабилитација. Веќе го имаме списокот на сите кои ќе бидат задржани подолго во странство. Го знаеме веќе и периодот колку би траела нивната рехабилитација, рече Таравари.
Тој рече дека времетраењето на рехабилитацијата варира, процесот на нивно заздравување би можел да трае меѓу еден до 24 месеци кај потешките случаи. – На околу 20 пациенти ќе им е потребна продолжена рехабилитација…За нив се подготвува центар во рамки на болницата „8 Септември“. Имаме и понуди од неколку држави за бесплатна подолготрајна рехабилитација, рече тој. Таравари посочи дека ќе се направат обиди да се обезбедат и средства за покривање на трошоците за престој на некој членови на семејствата на оние пациенти кои подолго време ќе останат на рехабилитација во странство