Адвокатот на Боре Видески, Боре Манев, смета дека откако ќе завршат исказите на сите обвинети неопходно ќе биде да се направи реконстукција на целиот настан. Според Манев, неопходно е настанот да се врати во фаза на истрага бидејќи се повеќе се спомнуваат други лица, кои не се ниту обвинети ниту се учесници. Манев потсетува и на неколку снимки кои обвинителството не дава да се гледаат како што е таа кај бензиската Лукоил во Велес која е направена денски на 22 ноември и на која јасно се гледа ликот на Панче Жежовски.
-Во обвинението се вика дека Панче е убиен во девет часот. Значи мора некои работи да се расчистат во приказната. Дали со реконтсрукција или со враќање на предметот во истрага. Исто така обвинителство нема дадено никакво вештачење на зрната од жртвите. Ако веќе се спомнува некаво оружје со кое е извршено кривичното дело тогаш треба да се направи и Балистичко вештачење на зрната во жртвите и да се спореди со документацијата на МВР, односно со базата на податоци. Да видиме дали во телата на жртвите се наоѓаат куршуми од легално или од илегално оружје. Ако е легално од кое оружје а ако е нелегално и тоа да се каже – смета адвокатот.