Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека руската ФСБ по истрагата за настаните од 15 март дошла до заклучок дека може да се донесе категоричен заклучок дека акустичните уреди од типот ЛРАД во сопственост на српската полиција не биле користени за време на протестите во центарот на Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ рече дека официјалниот извештај на ФСБ пристигнал вчера и дека извештајот е објавен на веб-страницата на БИА непосредно пред неговото обраќање. На веб-страницата на српската Безбедносно-информативна агенција – БИА попладнево е објавен извештајот на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Руската Федерација за наводна употреба на звучен топ на протестот одржан на 15 март 2025 година во Белград.
Во извештајот се нагласува дека – „врз основа на добиените резултати може да се донесе категоричен заклучок дека на протестот не биле користени акустични уреди од типот емитер LRAD што ги поседуваат полициските власти на Србија“. – Акустични уреди за растерување учесниците на митингот не се употребени; – Во јавноста има индиции за монтирана провокација со учество на специјални подготвени групи на луѓе и користење на паметни телефони за синхронизација на движењата со имитација на ефект на звучен топ и исто така блокирање на службите за итна помош. Во него се додава дека:„Врз основа на разговорите што БИА ги водела со членовите на припадниците на безбедносните и медицинските служби кои присуствувале на собирот, било констатирано дека не регистрирале карактеристични звуци, ниту пак некакво физиолошко влијание врз нив. Немаше обраќање до медицинските работници поради наводни акустични ефекти на местото на настанот“.
„Важна карактеристика е присуството на телефони во кренати раце на учесниците на протестот, на кои им биле вклучени задните светла (torch). После тоа, толпата, пред да почне да се растера, ги спушта рацете со синхронизираните телефони. Овој факт докажува дека организаторите во толпата можеле да добијат условен сигнал по телефон (во апликација за комуникација). Анализата на материјалот покажа дека масовното движење е фиксирано на значително растојание (околу 600 метри) од гореспоменатиот епицентар. Горенаведеното е можно со координација на активностите на одредени организатори во толпата и не е можно со краткотрајна употреба на специјално средство“.