Ѓуро Мацут е новиот премиер на Србија. Собранието на Србија избра нова влада со 153 гласа „за“, која ќе има 30 министри, од кои 10 се нови имиња. Гласаа 199 пратеници, а 46 пратеници се изјаснија против. Во своето излагање, Мацут изјави дека Србија е уморна од поделби и блокади, дека мора да работиме на хармонизирање на општеството, дека хармонијата може да се изгради преку дијалог, толеранција, работа и градење систем на вредности. Тој исто така кажа дека негов прв приоритет ќе биде нормалното функционирање на училиштата и факултетите.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им честиташе на граѓаните за изборот на новата влада, а на новиот премиер Ѓуро Мацут и на членовите на неговиот кабинет им посака „да ја ослободат земјата од терор и да ја вратат на патот на успехот“.