Кинеските брендови за онлајн шопинг Temu и Shein најавија дека ќе ги зголемат цените на нивните производи почнувајќи од 25 април по тарифите воведени од Соединетите држави. Двете компании ги повикаа потрошувачите да ја искористат можноста да купуваат по тековни цени дотогаш, објави Ројтерс. „Поради неодамнешните промени во правилата и тарифите во глобалната трговија, нашите оперативни трошоци се зголемија. За да продолжиме да ги нудиме производите што ги сакате без компромис за квалитетот, ќе бидеме принудени да ги прилагодиме цените од 25 април“, се вели во соопштението на кинеските компании.
„Шејн“ и „Тему“ нудат производи кои се движат од играчки до паметни телефони. Нивниот бизнис модел беше загрозен по неодамнешната наредба потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп за затворање на „трговската дупка“ што дозволуваше пакети вредни помалку од 800 долари да влезат во САД од Кина и Хонг Конг без царина. Наредбата стапува на сила на 2 мај.