Годишната стапка на инфлација во еврозоната во март изнесуваше 2,2 отсто, што е помалку од февруари. Во март минатата година стапката беше 2,4 отсто, објави во средата Евростат. Годишната инфлација во ЕУ во март изнесувала 2,5 отсто, што е намалување од 0,2 отсто во однос на февруари и намалување од 0,1 отсто во однос на март минатата година. Најниски годишни стапки се забележани во Франција (0,9 отсто), Данска (1,4) и Луксембург (1,5).
Највисоки годишни стапки се забележани во Романија (5,1 отсто), Унгарија (4,8 отсто), Полска (4,4 отсто) и Хрватска (4,3 отсто). Споредено со февруари годинава, годишната инфлација во март паднала во 16 земји-членки, во една останала стабилна, а во десет се зголемила, меѓу кои и Хрватска за 0,4 отсто, објави Даница.хр.