Неодамнешното распоредување на американски бомбардери Б-2, единствениот авион способен да ги лансира најмоќните бункер-разбивачки бомби, во дострелот на Иран, е силен сигнал до Техеран за тоа што би можело да се случи со неговата нуклеарна програма доколку не се постигне договор за нејзино ограничување. Сепак, воените и нуклеарните експерти велат дека дури и со толку голема огнена моќ, американско-израелската воена акција веројатно само привремено ќе ја уназади програмата за која Западот стравува дека веќе е насочена кон производство на атомска бомба, иако Иран го негира тоа. Уште полошо, нападот може да го поттикне Иран да ги протера нуклеарните инспектори на Обединетите нации, целосно да ја прикрие програмата, која веќе е делумно преместена под земја, и да го забрза неговиот пат до статус на држава со нуклеарно вооружување, што би го реализирало и забрзало самото сценарио од кое се плашат сите, се вели во анализата на Ројтерс, што ја пренесуваме.
Без промена на исламистичкиот режим во Техеранцили окупација, прилично е тешко да се замисли како воените напади би можеле целосно да го уништат патот на Иран кон нуклеарно оружје“, изјави Џастин Бронк, виш научен соработник за воздушна моќ и технологија во Кралскиот институт за одбранбени студии во Велика Британија.
Would military strikes kill Iran’s nuclear programme? Probably not https://t.co/QFPJLOMdFi
— ST Foreign Desk (@STForeignDesk) April 15, 2025
Тоа би било ситуација кога некој би се обидел повторно да воспостави одредено ниво на воено одвраќање, да наметне трошоци и да го одложи моментот кога Иран може да постигне нуклеарен пробив на нивото од пред неколку години“. Терминот „време на пробив“ се однесува на тоа колку време ќе му треба на Иран да произведе доволно материјал за нуклеарна бомба, во моментов прашање на денови или недели. Самото производство на бомба, доколку Иран одлучи да ја произведе, ќе трае подолго. Нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и светските сили постави строги ограничувања на нуклеарните активности на Иран, продолжувајќи го „времето на пробив“ на најмалку една година. Откако претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од договорот во 2018 година, договорот се распадна, а Иран значително ги надмина своите ограничувања.
Сега Трамп сака да преговара за нови нуклеарни ограничувања во разговорите што започнаа минатиот викенд.Но потсети дека „Доколку не биде постигнат договор, ќе има бомбардирање“.
Израел упати слични закани. Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека сега Иран сега е повеќе од кога било изложен на напади врз неговите нуклеарни постројки. Имаме можност да ја постигнеме нашата најважна цел, да ја спречиме и елиминираме егзистенцијалната закана за државата Израел, изјави Кац. Иранската нуклеарна програма е распространета на многу локации, а нападот најверојатно ќе мора да ги погоди повеќето или сите тие објекти. Дури и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која е набљудувач на ОН, не знае каде Иран чува некои клучни компоненти, како што се делови за центрифуги, машини кои збогатуваат ураниум.
Воените експерти велат дека Израел би можел сам да ги уништи повеќето од тие локации, но тоа би била ризична операција која би барала повеќекратни напади и ќе се соочи со руските системи за воздушна одбрана, иако можел да ги заобиколи за време на многу поограничени напади врз Иран минатата година. Збогатувањето на ураниум е јадрото на иранската нуклеарна програма, а неговите два најголеми капацитети за збогатување се капацитетот за збогатување гориво Натанц, кој се наоѓа на околу три ката под земјата, очигледно заради заштита од бомбардирање, и Фордо, закопан многу подлабоко во планината. Соединетите Американски Држави би биле многу подобро опремени да уништат такви цели кои тешко се наоѓаат, со својата најмоќна бомба која разбива бункер: 14-тонската „масивна бомба оксилоп“, која моментално може да ја носат само бомбардери Б-2, како оние што неодамна беа преместени на островот Диего Гарсија во Индискиот Океан. Израел нема таква бомба. Но, се поставува прашањето, што после нападот врз Иран?
Многумина ексерти сметаат дека американскиот напад веројатно би направил поголема штета отколку израелскиот, но во двата случаи тоа е купување време и постои реален ризик дека таков напад ќе му даде дополнителен поттик на Иран да се движи кон производство на атомска бомба наместо да се откаже од неа“. Иако објектите може да се уништат, веќе напредното знаење на Иран за збогатување ураниум не може да се избрише. Спречувањето на обновата на централата би била постојана и исклучително тешка задача, се согласуваат аналитичарите и официјалните лица. Бидејќи Иран веќе го укина дополнителниот надзор на МААЕ, воведен со нуклеарниот договор од 2015 година, многу аналитичари предупредуваат дека постои ризик во случај на напад, Иран да ги протера инспекторите на МААЕ, кои дејствуваат како „очите на светот“ во нуклеарните објекти како што се Натанц и Фордоу.Континуираните надворешни закани и состојбата на Иран под воен напад може да доведат до мерки за одвраќање, вклучително и протерување на инспекторите на МААЕ и прекин на соработката“, сметаат аналитичарите. Тоа претходно го направи Северна Кореја, која ја тестираше својата прва нуклеарна бомба веднаш по протерувањето на инспекторите на МААЕ.