Администрацијата на Доналд Трамп планира намалување од 40 милијарди долари на буџетот на Министерството за здравство, кој веќе е намален, откри во средата Вашингтон пост, повикувајќи се на интерен буџетски документ. Овој предлог за намалување на буџетот, кој сè уште е само во фаза на нацрт и во секој случај мора да биде одобрен од Конгресот, е дел од огромните кратења на трошоците на федералната влада од страна на Доналд Трамп, задача кој му ја додели на најбогатиот човек на светот, Илон Маск да направи заштеди.
Кратењата од 40 милијарди долари се однесуваат на буџетот на Министерството за здравство и човечки услуги во фискалната 2026 година, кој треба да го одобри Конгресот. Во фискалната 2024 година, неговиот буџет изнесуваше 121 милијарда долари. Следствено, планирано е да се намали за една третина. Се проценува дека поширокиот буџет на министерството ќе достигне околу 1,8 трилиони долари, со најголема сума наменета за задолжително трошење, главно поврзано со програмите за јавно осигурување, здравствена заштита и фармацевтско покривање на програмите Medicare и Medicaid. Веќе, во март, администрацијата на Трамп започна со голема реорганизација на Министерството за здравство, елиминирајќи речиси една четвртина од нејзините работни места.