Приведени тројца разбојници од Скопје, кои ограбиле малолетници на автобуска станица на Бит-пазар. Според информациите, разбојниците со закана ограбиле вкупно седум малолетници.
„На 16.04.2025 околу 23.30 часот на подрачјето на Бит-пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(19) од с.Кондово, Скопско, М.И.(22) и Р.Ф.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит-пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од с.Кучевиште, Скопско, а откако го напуштиле местото пресретнале други двајца малолетници од скопските села Идризово и Трубарево“, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.