Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова и еврокомесарката Марта Кос ќе разговараат за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан. Тие ќе учествуваат на отворањето на форумот „Европската Унија се среќава со Балканот“.„Ова ќе биде моја прва средба со комесарката Кос. Сакаме да слушнеме од неа каква е визијата за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Моја опсервација е дека оваа тема е целосно напуштена во последните месеци“, рече бугарската потпретседателка пред почетокот на форумот.
Јотова потврди и дека ќе го каже ставот на Бугарија во однос на Република Северна Македонија. „Според мене, оваа дебата се искривува и кај нас во Бугарија и на европската сцена. Има обид на нашите колеги од Северна Македонија да ги претстават нормалните барања на Бугарија – почитувањето на европските критериуми – како речиси каприц од наша страна, а дополнително се обидуваат да ги стават во билатерална блокада, што не е точно“, коментира потпретседателката Јотова.