Општина Аеродром во изминатиов период работи на изградба на нови пешачки патеки, како и обновување на веќе постојните на повеќе локации на целата територија, со вкупна површина од околу 2000 метри квадратни.
Оттаму велат дека нови пешачки патеки се изградени меѓу зградите на улицата Фрањо Клуз во Стар Аеродром, кај паркот „Патрик“ зад „Три бисери“, на булевар Србија, во непосредна близина на „Лукоил“, две патеки се направени во Ново Лисиче, едната спроти детската градинка „Буба Мара“, другата кај споменикот на Тоше Проески, како и во Долно Лисиче. Наредниот период, како што најавуваат, со павер-елементи ќе бидат поплочени и други локации, а се врши и санација на веќе постојните пешачки патеки, со цел безбедно и олеснето движење на граѓаните.