Вршителот на должноста јавен обвинител на Бугарија Борислав Сарафов нареди да се забрзаат работите за случаите со смрт во сообраќајни незгоди, соопшти бугарското обвинителство. По наредба на јавниот обвинител, на раководителите на апелационите обвинителства им е доделено да спроведат сеопфатен преглед на суспендираните истраги, случаи кои не биле завршени повеќе од 2 години, како и да вршат засилена контрола и да обезбедат методолошка поддршка во предистражните постапки кои се однесуваат на предизвикување смрт во несреќи. Извештаите што апелационите обвинителства треба да ги подготват до крајот на мај мора да ги содржат конкретните причини и тешкотии (главно одложени и незавршени вештачења) што го спречуваат навремено завршување на предметите.
Треба да се анализираат и основите за применетата суспензија и постоењето на предуслови за продолжување на предистражната постапка. Заководителите на апелационите обвинителства мора да ги презентираат и мерките што ги презеле за приоритетно завршување на овој вид предмети, како и активно давање методолошка помош за работа на вакви случаи. Сарафов бара од релевантните апелациони обвинителства организациски и методолошки предлози за забрзано завршување и решавање на предистражните постапки кои вклучуваат смрт во слични инциденти. Во последните 24 часа во Бугарија се случија 18 тешки сообраќајки во кои едно лице загина, а 21 се повредени. Од почетокот на месецов се случиле 222 сообраќајни несреќи, со девет загинати и 284 повредени. Од почетокот на годинава се регистрирани 1.472 сообраќајни несреќи во кои животот го загубиле 94 лица, а 1.850 се повредени, јави БТА.