„Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ за наша Македонија на синоќешната седница ја разгледуваше актуелната политичка ситуација во Македонија и случувањата во владиниот партнер, Коалицијата Вреди“, рече портпаролот, Никола Мемов. „Движењето ЗНАМ има конзистентност во политиките и одлуката за влез во владата ја донесе врз основа на своја политичка и програмска Платформа, базирана на идеолошки принципи и критериуми.На седницата, како што соопшти Мемов, биле усвоени следните заклучоци:
1. Движењето ЗНАМ за наша Македонија смета дека случувањата во
Коалицијата ВРЕДИ се нивно внатрешно прашање. 2. Секој кој што соработува зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ за Движењето ЗНАМ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во кое што учествува ЗНАМ. 3. За Движењето ЗНАМ, превирањата во ВРЕДИ не се закана за владејачкото мнозинство. Во моментов владината коалиција функционира тековно и без никакви застои. Владата е стабилна со самиот факт што ЗНАМ и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ обезбедуваат мнозинство од 64 пратеници и дополнително пратениците во коалицијата Вреди кои ја поддржуваат владата. 4. За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија не е прифатлива соработка со
поранешни, актуелни и идни функционери, пратеници и членови од редовите на СДСМ за кои има индиции дека учествувале или се дел од организираниот криминал и корупцијата во Република Македонија. 5. За идните случувања во владината коалиција Движењето ЗНАМ за Наша
Македонија смета дека тоа прашање е во надлежност на Претседателот на Владата г-нот Христијан Мицкоски.
На прашањето дали овие ставови значат дека ЗНАМ ќе побара изземање на Таравари од владиниот состав, Мемов одговори: „Нашиот став е многу јасен, заклучокот број два вели:„ Секој кој што
соработува зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ за Движењето ЗНАМ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во кое што учествува ЗНАМ“. На прашањето зошто се вели дека состојбата во Вреди е нивна внатрешна работа, а ЗНАМ изјавува дека некој што соработува со Дуи не треба да биде дел од владата, Мемов рече: „Случувањата во Вреди се нивна внатрешна работа, кој ќе остане како коалиционен партнер во коалицијата Вреди ќе видиме понатаму, ќе покаже времето. Доколку останат сите, тогаш органите и телата на ЗНАМ ќе разговараат и ќе расправаат по тоа прашање“. Запрашан дали ЗНАМ има информација дека Алијанса за Албанците, која е дел од Вреди, има некакви комуникации со ДУИ, Мемов рече:
„Тие самите изјавија дека имаат отворена комуникација“.
На прашањето дали во владата ќе се разговара за овие случувања со
премиерот, портпаролот Мемов рече дека: „Разговорите и комуникацијата како партнери во владата е континуирана, таа не престанала никогаш. Сите отворени прашања се дискутираат во
рамките на владиното партнерство.“ Запрашан за настапот на идните локални избори, Мемов најави дека наредната недела Движење ЗНАМ за наша Македонија ќе ја информира јавноста за тоа прашање.