Роботот AgAR базиран на вештачка интелигенција е проект меѓу српската компанија COMING – Computer Engineering и Машинскиот Факултет при Универзитетот во Ниш. Што да се каже освен дека новото време носи и нови решенија кои се наметнуваат како неопходност знаејќи го проблемот околу недостиг на работна сила.
Но затоа не ни недостасуваат иновативните решенија, експерти, познавачи на секторот и најважно лозари кои инвестираат во модерно и профитабилно производство. Демонстрацијатата беше овозможена и фасилитирана од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, во насока на унапредување на процесот на дигитализација и модернизирање на секторот одржлив агрибизнис.