Групите на студенти се уште ги блокираат објектите на Радио телевизија на Србија (РТС) во Таковска улица и студиото во Кошутњак, а јавниот сервис објави дека го менува програмскиот распоред поради тешките работни околности. Блокирани се сите три влеза на РТС , како и приодите кон зградата на РТС во Кошутњак. Во моментов има помалку студенти кои ја блокираат зградата на РТС на улицата Таковска од утринава, а се слуша голема од свирежи, вувузели и скандирања.
Студентите утринава поставија блокади со контејнери и метални огради и ја блокираа крстосницата на дел од улиците , поради што сообраќајот, беше отежнат и на моменти во прекин.

Тие во еден момент се повлекле во просторот пред РТС, па на улицата Таковска е обновен сообраќајот, но подоцна повторно ја блокирале таа улица. РТС утринава соопшти дека по апел на јавниот сервис, студентите во блокадата и граѓаните кои ги блокирале објектите на јавниот сервис дозволиле неколку лица од обезбедувањето на РТС да влезат во зградите, што овозможило замена на дел од работниците кои ги обезбедувале објектите и безбедносните системи. Студентите од 14 април во 22 часот ја блокираа зградата на јавниот сервис и изјавија дека блокадата ќе трае „до објавување на нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) или додека не се исклучи РТС.