Денеска во 03.45 часот по полноќ во СВР Скопје, Д.З.(20) пријавил дека настанал пожар во неговиот стан на подрачјето на Гази Баба.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопштија од полицијата.