Бугарската влада на чело со Росен Жељазков го помина денешното гласање за доверба, иницирано поради, како што тврди опозицијата, неуспех во борбата против распространетата корупција, пренесува БТА.
Барањето за изгласување недоверба, второ во овој месец, го иницираше партијата „Морал, единство, чест“ (МЕЧ), а го поддржаа пратениците од партиите „Преродба“ и „Величина“. За изгласување недоверба на Владата беа 72 пратеници, 130 беа против, а воздржани немаше.