Денешната прогноза предвидува дополнителни врнежи и ветрови кои ќе надминат 100 километри на час, но се очекува утре и в сабота да почнат да се стабилизираат временските услови. Пиемонт денеска е под црвена тревога поради продолжувањето на невремето што го зафати северниот дел на Италија, предизвикувајќи големи проблеми поради поплавите и силното невреме. Во Торино, пристапот до бреговите на реката По беше затворен како мерка на претпазливост, додека железничкиот сообраќај од станицата Биела беше стопиран, пренесе Анса. Автопатот А5 Торино-Аоста е затворен поради издигнувањето на реката Дора Балтеа.
Во долината Аоста, тунелот Гран Сан Бернардо беше затворен поради снежни врнежи, додека реката Сесија во Ломбардија се излеа од коритото, предизвикувајќи поплави во провинцијата Павија.
Maltempo, allerta rossa in Piemonte: i fiumi superano il livello di guardiahttps://t.co/ZbwpEMrOfu pic.twitter.com/7Ze3OZFGmk
— L’Espresso (@espressonline) April 17, 2025
Во Рим, противпожарната служба интервенирала повеќе од 100 пати поради бурните ветрови кои соборувале дрвја и скинале гранки.
Il Po esonda a Torino, allerta rossa in diversi comuni del Piemonte https://t.co/89rDmFgq6a
— Fabio Torino (@Paolo_Versa1) April 17, 2025
Денешната прогноза предвидува дополнителни врнежи и ветрови кои ќе надминат 100 километри на час, но се очекува утре и в сабота да почнат да се стабилизираат временските услови. – Денот го започнав во штабот на Цивилната заштита на Пиемонт во Торино, каде од вчера оперативниот центар е отворен 24 часа. Очекуваме критичната ситуација да трае уште три или четири часа, но засега нема повредени. Се надеваме дека ситуацијата ќе се смири до рано попладне – изјави гувернерот на Пиемонт, Алберто Сирио. Ова невреме се очекува во текот на денот да ја зафати Хрватска, а до крајот на денот делови од Србија.