19.8 C
Скопје
18/04/2025 07:48
МАКТЕЛ

    

ИРЛ: Во Крива Река завршил осиромашен олово – цинков концентрат од Тораница

      

Осиромашен концентрат е многу побогат со тешки метали како олово или цинк отколку јаловината, предупредува професорот Трајче Стафилов. Хаваријата во рудникот Тораница, на 14 март годинава, кога во Крива Река се излева сива маса налик бетон настанала затоа што над цевката што пукнала во кругот на рудникот, се чувал осиромашен олово – цинков концентрат којшто водата го повлекла и го однела во реката, пишува Истражувачка репортерска лабораторија ИРЛ во истражување во кое хронолошки ги анализира настаните поврзани со случајот. „Булмак 2016“ не е кој било инвеститор, пишуваат од ИРЛ, зад него стојат луѓе поврзани со организираниот криминал во Бугарија. Раководството на рудникот често може да се види со високи функционери – како на пример поранешниот премиер Зоран Заев и актуелниот Христијан Мицкоски.

Оловна река Истражувањето ја открива хронологијата на настаните кои почнуваат на 14 март годинава, кога чистата планинска вода на Крива Река по течението потемне со темна сива боја. Тоа создаде вознемиреност и паника меѓу граѓаните на Крива Паланка и околните населени места. Повици од загрижени граѓани утрото добил и општинскиот инспектор за животна средина, Зоран Павловски од Крива Паланка. Меѓу другите, нему му се јавил и неговиот колега, Зоран Стојнев од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Го замолил да појде до рудникот и да направи увид, иако самиот Павловски не бил надлежен за инспекција на рударскиот капацитет којшто има А интегрирана еколошка дозвола. Такви ингеренции имале само инспекторите од ДИЖС, но тие дента, заедно со директорката Ивана Гиновска, биле во работна посета на соседниот рудник Саса во Македонска Каменица, на околу 2 часа возење од Тораница.

   

Првиот впечаток на локалниот инспектор Павловски бил дека се работи за голема еколошка катастрофа. „На мостот на Крива Река во село Узем, оваа темносива боја беше уште позначителна и тоа првично ми укажуваше дека во самиот рудник Тораница, на јаловиштето или во процесот на флотација, се има случено хаварија“, рече Зоран Павловски за ИРЛ. Неговиот колега од ДИЖС, Зоран Стојнев, кој инаку до 2022 година бил вработен во „Булмак 2016“, му рекол дека тие ќе направат увид кога ќе се вратат, доколку е потребно. Без да направат сопствен увид, повикувајќи се само на напишаното од концесионерот, државните инспектори известија дека водата што истекла не содржела хемиски средства бидејќи била истечена пред да дојде во погонот за преработка на рудата, односно оти е само заматена, пишува ИРЛ. Ден по хаваријата и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски повикал акредитирана лабораторија (скопската „Технолаб“) да земе примероци од водата во Крива Река за да утврди евентуално присуство на отрови. Освен со цијанид, анализата покажа и десеткратно зголемување на концентрациите на олово над граничните вредности и зголемени концентрации на други тешки метали.

Што се обиде да скрие концесионерот и што навистина се случило Концесионерот на рудникот Тораница, компанијата „Булмак 2016“ дури на 2 април на прес-конференција хронолошки ги опиша настаните како што се случувале на 14 март. „Водата од цевководот за јамска вода, освен природни, механички нечистотии (ситни честички и зрна од карпести материјали) мобилизирани од поројниот тек, не содржи никакви хемиски или друг вид супстанции. Тоа значи дека краткорочното заматување на Крива Река е како резултат на поројот од надојдената вода која со себе влечела земја, песок и кал“, рече тогаш директорот на „Булмак 2016“, Тони Тоневски. Пред да влезе во рударскиот бизнис, тој во два мандата беше градоначалник на Пробиштип како кадар на сега владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Хаотични анализи и резултати Анализа на загаденоста на водата направија општината, рибарите и самиот концесионер „Булмак 2016“, но не и Државниот инспекторат за животна средина, чија обврска е токму тоа. Резултатите не можат да се споредат бидејќи сите примероци биле земани од различни локации и во различно време. Се испитувало присуство на различни супстанции.

Но, сите анализи водата ја категоризирале како петта категорија што значи многу загадена и оти не смее да се употребува за ниту една намена. Концентрацијата на штетни супстанции ги надмина дозволените нивоа на токсичност за водниот свет. Директорката на ДИЖС, Ивана Гиновска, потврди дека нејзините инспектори дента кога настанала хаваријата, не зеле мостри од реката, иако во услови на итност имаат таква можност, според Законост за инспекциски надзор во животната средина. Експертите што ги консултиравме велат дека доколку се потврди дека во реката всушност завршил некаков концентрат на олово или цинк, тогаш станува збор за исклучително опасно загадување. „Осиромашен концентрат е многу побогат со тешки метали како олово или цинк отколку јаловината, па оттука и поопасно е евентуалното такво излевање. Дополнителни анализи треба да покажат колкаво е загадувањето, бидејќи овие тешки метали се таложат во милта во водата“, ни рече Трајче Стафилов универзитетски професор од Институтот по хемија и врвен експерт за загадување на животната средина со тешки метали. Во отсуство на нови анализи од надлежните државни институции, Стафилов ни сподели дека пред десетина години неговиот тим правел испитувања на седиментите од Крива Река. Утврдиле дека има присуство на тешките метали, олово, арсен, кадмиум над интервентните вредности, односно екстремна загаденост дури до 25 километри по течението на реката. Целото истражување на следниот линк. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Папазов и ексдиректорите на пазарен инспекторат ќе чекаат судење дома, Бектеши останува во притвор

Sase Ivanovski

Зависни од екраните: Мобилните телефони го редефинираат растењето и учењето кај младите

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со локален дожд

Sase Ivanovski

Се пошумува Буковиќ, еден од најзначајните коридори на балканскиот рис

Sase Ivanovski

Милошоски: Ваквата темелност во истрагата за Кочани која што оди и неколку години наназад е правно издржана, затоа што темелно мора да се истражат причините

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Тошковски од Приштина: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза е имплементација на граничниот премин Јажинце

Sase Ivanovski

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година

Sase Ivanovski

Водата во Дебар да не се пие без да се преврие, предупредија надлежните

Sase Ivanovski

Ученик тепан во училиште во Аеродром, родителите не биле известени…

Sase Ivanovski

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар одигра хуманитарен натпревар со екипата на Црвена Ѕвезда од Белград, со цел собраните средства да се донираат за настраданите од трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Во АВРМ продолжениот викенд започнал порано…

Sase Ivanovski

Како Елон Маск ги заработи своите пари?

Sase Ivanovski

Илон Маск испраќа пораки на Твитер и им нуди на жените шанса да родат бебиња

Sase Ivanovski

Пукање во Флорида: 2 мртви и 6 други ранети, напаѓачот во притвор…

Sase Ivanovski

Зграда во Бобруиск, Белорусија од Владимир Галушенко (1980)

Sase Ivanovski

Виона Рајдер и Гери Олдман, 1996

Sase Ivanovski

Експериментот: Малиот Алберт

Sase Ivanovski

Врвниот македонски гитарист, композитор и музичка легенда, Влатко Стефановски, со два концерта на 9 и на 10 мај во Македонската филхармонија, ќе ја одбележи својата импозантна 50-годишна кариера

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Истрага за Кочани: За и против пристапот со „долгорочен каузалитет“

Sase Ivanovski

24 Анализа – Како коалициската криза во Вреди ќе се оддрази врз функционирањето на владата?

Sase Ivanovski

Сточарите се жалат за проблематичен откуп на јагнињата за велигденскиот шпиц

Sase Ivanovski

И поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски станува бизнис консултант

Sase Ivanovski

Лес Етоилес, лоциран во Иври-сур-Сеин, Франција, дизајниран во 1970-тите од архитектите Жан Реноди и Рене Гаилхусетет

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев секогаш несебично ја дава својата поддршка на сите млади идни медицински лица и фармацевти

Sase Ivanovski

Милошоски: Би биле многу посреќни ако Вреди успеат да ја задржат политичката компактност

Sase Ivanovski

Д-р Сања Маринковиќ Бојаџиевска, специјалист по анестезиологија и реаниматологија во Клиника Жан Митрев објаснува што е ПКА, како реагира во намалување на болка кај хоспитализирани пациенти но и во домашни услови и кај кој состојби делува најсоодветно?

Sase Ivanovski

Проф. д-р Ацо Костовски, педијатар гастроентерохепатолог од Клиника Жан Митрев, зборува за рефлулсната болест кај децата

Sase Ivanovski

ИНТЕРВЈУ СО ИЛИАС ПАПАДОПУЛОС, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРЧКАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА: Има силни деловни врски и многу простор за зголемена соработка

Sase Ivanovski

Д-р Анџелка Илиева – дерматолог во Клиника Жан Митрев, зема активно учество на единаесттиот Светски конгрес за меланом и истовремено и 21 Конгрес на Европската Акдемија по Дермато-онкологија во Атина

Sase Ivanovski

ЕВЕ КАКО РАДИКАЛНАТА И ЕКСТРЕМНА ДЕСНИЦА ЈА ОСВОИ ЕВРОПА: Власта во многу земји е во нивни раце

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Очекувате бебе? Антенаталната грижа е првиот и најважен чекор кон безбедна бременост!

Sase Ivanovski

КОЛКУ СЕ БЕЗБЕДНИ КИНЕСКИТЕ ПРОЕКТИ ШИРУМ СВЕТОТ? Кинезите кои го градеа облакодерот што се урна во Бангкок, работеле и на бетонската настрешница што се урна на железничката станица во Нови Сад

Sase Ivanovski

Одржана првата конференција на медицински сестри од Југоисточна Европа под покровителство на Клиника Жан Митрев

Sase Ivanovski

НА ОСНОВА НА ЗЛОУПОТРЕБА СО ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗЕМАЛЕ НАД 600.000 ДЕНАРИ: Кривични пријави за специјалци од ЕБР

Sase Ivanovski

Д-р Сања Маринковиќ Бојаџиевска, специјалист по анестезиологија во Клиника Жан Митрев зборува за најчестите дилеми за анестезијата

Sase Ivanovski

ПРЕДЛОГ ОД ПРОПАГАНДИСТОТ НА ЛУКАШЕНКО: Дел од Полска да се спои со Белорусија

Sase Ivanovski

Д-р Елена Николовска, специјалист по ортодонција во Клиника Жан Митрев, ќе ве запознае со сите можни начини како да добиете совршена насмевка

Sase Ivanovski

ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Кога сè е јасно однапред, ти останува само да се фокусираш на најважното – моментот кога ќе го запознаеш своето бебе!

Sase Ivanovski

Митови и факти – Кој е Доналд Трамп?

Sase Ivanovski

Семејството Трендафилови и лично му се заблагодарија на д-р Жан Митрев за беспрекорна грижа која тие ја добиле од целокупниот персонал на клиниката

Sase Ivanovski

Историска пресуда во Америка: Гугл има нелегален монопол

Sase Ivanovski

Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, порачува Нетанјаху

Sase Ivanovski

Седми пат по ред, Европската централна банка ја намали основната каматна стапка

Sase Ivanovski

Се степаа возачи во долгите колони на „Табановце“, за влез во Македонија се чека два часа

Sase Ivanovski

Српската влада им издала 204 државјанства на руски олигарси и шпиони

Sase Ivanovski

Бојковска: Јавноста е навреме и транспарентно информирана за сеопфатната истрага за Кочани

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонија и ОАЕ заедно кон развој, кампања на Царинска управа- стоп за корупција, поддршката на зелени политики клучна за одржлив развој

Sase Ivanovski

ЕУ ЗНАЕ ДЕКА СКОПЈЕ И СОФИЈА ЌЕ СЕ ДОГОВОРАТ ЗА БУГАРСКОТО МАЛЦИНСТВО Еврокомесарката Кос е убедена дека ќе има исчекор

Sase Ivanovski

И НАТАМУ 5 ДЕНАРИ ДНЕВНО ЗА ТЕРАСА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Одбиена иницијативата за враќање на цената од 15 денари за квадарат

Sase Ivanovski

ЈОТОВА КОНТРА МЕРЦ, НЕ СЕ СОГЛАСУВА ДА СЕ УКИНЕ ВЕТОТО ПРИ ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ „Не може да има компромиси со условите“

Sase Ivanovski

ЈОТОВА МИСЛИ ДЕКА БУГАРСКИТЕ БАРАЊА ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ НОРМАЛНИ, А НЕ КАПРИЦ „Не е вистина дека го блокираме Скопје“

Sase Ivanovski

ПЛАТИЛ ВРАБОТУВАЊЕ И СТАН, НЕ ДОБИЛ НИШТО 64-годишник остана без 22.500 евра, измамничка лажела дека работи во МВР

Sase Ivanovski

ПАДНАЛ ОД СЛУЖБЕНИОТ КАМИОН И ЗАВРШИЛ СО СКРШЕНИЦИ Тешко повреден вработен во „Нискоградба“ во Битола

Sase Ivanovski

„КОКЕТИРА СО РЕЖИМОТ НА ДУИ“ Муртезани вели дека Таравари се откажал од борбата против криминалот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ, ИЗЛЕАНИ РЕКИ, СООБРАЌАЈОТ СТОПИРАН Апокалиптични сцени од невремето во Италија

Sase Ivanovski

ЗАХАРОВА ЈА ПРЕДУПРЕДИ ГЕРМАНИЈА ДА НЕ СЕ ШЕГУВА Русија во еден случај ќе се смета во директна војна со Берлин

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАДНА КАБИНА НА ЖИЧАРНИЦА, ИМА ЗАГИНАТИ Несреќа во Неапол откако се скинаа кабли

Sase Ivanovski

Неколкумина повредени во сообраќајна несреќа во струмичко

Sase Ivanovski

Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација

Sase Ivanovski

Бугарската влада, предводена од Жељазков, го помина второто гласање за доверба

Sase Ivanovski

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Sase Ivanovski

Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник – најпосакуван работодавач за 2024 година

Sase Ivanovski

Радев на средба со Кос, изразил надеж дека С. Македонија ќе го спроведе европскиот консензус за почеток на преговорите со ЕУ

Sase Ivanovski

Неколкумина повредени во сообраќајна несреќа во струмичко

Sase Ivanovski

Среде ноќ се запали стан во Гази Баба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тамара Тодевска на 8. мај, 20:00 часот, МКЦ ќе одржи хуманитарен концерт за сите погодени од трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОЛОВИНА ОД НОВОСОМНИЧЕНИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ПЕНЗИОНЕРИ – ОД 59 ПРИВЕДЕНИ САМО ДВАЈЦА СЕ АКТУЕЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ, А ЕДЕН Е ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИК

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дурмиши: Се формира комисија која треба да утврди дали, кој и колку лица земале плата, а не оделе на работа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Општина Кочани од денеска официјално почна да функционира

Sase Ivanovski

Приведени четворица крадци од Скопје, одзеле повеќе предмети од објект на ЈП Железници

Sase Ivanovski

ОТСТРАНЕТИ 550 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА МЕСЕЦ АПРИЛ

Sase Ivanovski

Трипуновски: Од доставени 1.600 понуди за закуп на земјоделско земјиште, донесени се 982 одлуки за вкупна површина од околу 2.862 хектари

Sase Ivanovski

ТРАМП Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА КИНА СО ЦАРИНИ ДО 245% Дали ќе ескалира трговската војна?

Sase Ivanovski

Радост во ЗОО Скопје: Се роди пони

Sase Ivanovski

Бугарија со најмногу смртни случаи во сообраќајни несреќи во Европа, во првите пет се и Србија и Хрватска

Sase Ivanovski

Скопјанец добил на рулет, па бил претепан и ограбен од обезбедувањето на казиното

Sase Ivanovski

За седумте кандидати на Претседателските избори во 2024 година се потрошиле 354.257 илјади денари од Буџетот

Sase Ivanovski

Тошковски од Приштина најави заедничка контрола со Косово и на граничниот премин „Јажинце“

Sase Ivanovski

Мафијашка конкуренција во текстилниот сектор заврши фатално: Брачен пар екзекутирани среде Рим

Sase Ivanovski
Вчитувам....