Значителен дел од малите трговци сѐ уште се во процес на адаптација, од технички, финансиски и кадровски аспект, наведено е во соопштението. Имајќи ги предвид тековните околности и предизвици со кои се соочуваат нашите членки во процесот на дигитална трансформација, упатуваме официјално барање до Министерството за економија за продолжување на рокот за изработка на веб-страница на правните субјекти коишто подлежат на оваа обврска, наведено е во денешното барање од Стопанска комора на трговци на мало, во име на членовите на Стопанската комора на трговци на големо и мало за прехрамбени производи.
„Ценејќи ја важноста на дигиталното присуство како неопходен елемент за современо и конкурентно делување на пазарот, напоменуваме дека значителен дел од малите трговци сѐ уште се во процес на адаптација, од технички, финансиски и кадровски аспект. Притоа, сакаме да истакнеме дека станува збор за реална потреба од дополнително време со цел квалитетна и одржлива имплементација поради комплексноста и обемноста на материјата. Сметаме дека продолжувањето на рокот ќе претставува поддршка кон сите засегнати субјекти но највеќе на оние на кои им е најпотребно, а тоа се малите стопанственици и ќе придонесе кон инклузивен пристап во спроведувањето на политиките за дигитализација, со што ќе се овозможи посеопфатна и правично распоредена транзиција“, наведено е во соопштението. Извор: Новинска агенција МЕТА