На улица „29 Ноември“ во Кичево, тој со закана со остар предмет сопрел такси возило и се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал ученици и вработени. На 16.04.2025 во 11.45 часот на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Е.З.(28) од Кичево. На улица „29 Ноември“ во Кичево, тој со закана со остар предмет сопрел такси возило и се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал ученици и вработени, а нападнал и случаен минувач на Градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во Медицинскиот центар во Кичево, на кого му нанел повреда со остриот предмет.
Подоцна, откако бил приведен, во службени простории на ОВР Кичево Е.З. физички нападнал и полициски службеник. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. Извор: Новинска агенција МЕТА