Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (MEXT) на Јапонија нуди студентски стипендии за македонски граѓани кои сакаат да комплетираат додипломски студии или истражување во Јапонија.
Кандидатите треба да ги поднесат своите документи најдоцна до 16 мај. Одбраните кандидати ќе бидат поканети на тестирање и интервју во јуни. Сите информации ги има на сајтот на Амбасадата. Извор: Новинска агенција МЕТА