Најмалку 38 лица загинале во вчерашните американски напади врз пристаниште во Јемен, објавија медиумите на Хутите. Ова е еден од најсмртоносните денови откако САД ги почнаа нападите врз бунтовниците поддржани од Иран, пренесува БТА Вашингтон вети дека нема да ги запре големите напади што започнаа минатиот месец во најголемата воена операција на Блискиот Исток откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари, освен ако Хутите не престанат да ги напаѓаат бродовите во Црвеното Море.
Телевизијата „Ал Масира“ објави дека 102 лица биле повредени и во нападите на пристаништето за гориво Рас Иса во четвртокот. Американската војска соопшти дека „целта на овие напади била да се ограничат економските извори на моќ на Хутите” Почнувајчи од ноември 2023 година, досега Хутите извршија десетици напади со беспилотни летала и ракети врз бродови кои минуваат низ Црвеното Море, велејќи дека ги напаѓаат бродовите поврзани со Израел во знак на протест против војната во Газа