Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 423 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 60,92%, а 39,08% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 58,45%, кон Итната медицинска помош 32,57%, а кон пожарникарите 4,23%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 974 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
Имало девет пожари на отворено во последното деноноќие, конкретно во Тетовско и Скопско, а пожарникарите паралелно гаснеле и други пожари во населени места и сите биле изгаснати.
Но, еден пожар во урбана средина бил трагичен за повозрасно лице во Кавадарци. Конкретно, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кавадарци дека од 09.24 до 10.10 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснале запалена плинска боца во куќа на ул. „Страшо Пинџур“ бр. 37 во Кавадарци, при што на местото на пожарот било пронајдено машко повозрасно лице кое најверојатно се задушило. Присутни биле и екипи на итна медицинска помош кои констатирале смрт на лицето со возраст од 78 години (Општина Кавадарци).
За пожари на отворено Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје, информира дека пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје од 11.00 и од 12.10 часот гаснеле запалено ѓубре на патот за Арачиново на површина од 100 м2 со 1 ПП возило и 3 пожарникари. (Општина Арачиново); од 13.25 и 14.50 гаснеле запалена сува трева на патот за Бунарџик на површина од 3 000 м2 со 1 ПП возило и 3 пожарникари. (Општина Илинден), Од 19.50 до 20.50 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалено ѓубре кај Езеро Треска (Општина Сарај), од 01.50 до 02.50 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалено ѓубре покрај ул. „Скупи“ бб на површина од 500 м2 (Општина Карпош). РЦУК Охрид, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарната единица (ТППЕ) Охрид дека во изминатото деноноќие имал две помали интервенции. РЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Штип дека од 18.23 до 19.00 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација во атарот на с. Долни Балван (Општина Карбинци), а од 13.15 до 14.00 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалени гуми на клучката пред с. Крупиште (Општина Карбинци).
Неексплодирани убојни средства (НУС) се пронајдени во Прилепско. Конкретно, РЦУК Битола, известува дека од ДЗС Прилеп известиле дека по вчерашната пријава од ПС Прилеп за пронајдени НУС, биле излезени на терен и дека од страна на инспекторот и пиротехничар од ДЗС и се извадени уште 13 минско-екплозивни стредства, конкретно артилериски гранати 110 мм, од германско производство со потекло од Првата светска војна. Инаку на тоа место се пронајдени вкупно 16, конкретно кај месноста „Сарика“ во близина на патниот правец Градско – Битола. Истите се подигнати од страна на овластен пиротехничар од ДЗС Битола за понатамошна постапка за нивно безбедно складирање и уништување.
Инаку, како што исто така извести РЦУК Скопје, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, се добиени пријави за штети од ветер. Конкретно, РЦУК Скопје, извести дека преку 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на улицата „Анкарска“ бр. 32 во Скопје во близина на месноста викана „Млечен ресторан“. Паднатото дрво имало оштетено три автомобили, а при паѓањето имало скинато и „телеком-кабли“ од бандера. Од ЦУК, преку дежурните во Секторот за операции и координација (СОК) веднаш беа известени ЈП „Паркови и зеленило“ и „Телеком“ операторите во Скопје. На местото на настанот од страна на МВР е направен увид и е изготвен службен записник. Инаку, во 23:00 часот Од ЈП „Паркови и зеленило“ известиле во ЦУК дека дрвото е отстрането и местото е исчистено од гранки. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.