Над 3000 вработени во културата се оставени без мартовска плата во пресрет на Велигден. Додека Министерство за култура се однесува како Министерство без ресор и без министер, а Министерството на олигархијата чека насоки од „горе“, историјата на вработените веќе четврта година се повторува еднаш како комедија, еднаш како фарса, а во моментов како трагедија. Изживувањето кое се врши врз културните работници, особено по закажаните протести кои Синдикатот на култура ги замрзна заради дописот од Министерство за култура и изживувањето што се врши врз културата како целост, којашто е лик на една нација, всушност е показател на лицемерниот и ноншалантен однос на власта и нејзините загари кон репрезентот на еден народ и држава.
Левица апелира до сите чинители и одговорни министерства да си ги исполнат законските обврски и да не оставаат повеќе од 3000 вработени во културата на празна празнична трпеза, затоа што својата така себично како хиени ја бранат од народот!