Во осмата епизода на поткастот „Со Ана на ТИ“, вечерва во 20:00 часот на Јутјуб каналот на „Слободен печат“ наши гости ќе бидат Кике Цветче и Иван Анштајн. Исклучително шармантен млад брачен пар, кој, уште од почетоците на нивната љубовна врска, повеќето од предизвиците и убавите моменти ги споделува со нивните следбеници на социјалните мрежи.
Без никаков посебен план или намера започнале како јутјубери снимајќи видеа во кои ги искажуваат своите ставови и кретаива на начин кој зрачи со искреност и спонтаност. Како и секој друг пар имаат моменти на слабости и кризи, кои успешно ги надминуваат со многу труд, себеанализа и компромиси. Сè во име на љубовта. Со Кике и Иван разговаравме токму на овие теми и многу повеќе за нивниот индивидуален и заеднички пат од детството па до денес.