На деца во градинка во Сомбор им биле поделени лижавчиња со велигденски мотив на кој стоел потпис на претседателот на Србија, објавија српски медиуми. Предучилишната установа „Вера Гуцуња“ се оградила од тој случај, објави локалниот портал СО инфо. „Изразуваме жалење и им се извинуваме на родителите за недоразбирањето.
Лижавчињата што им беа поделени на децата во објектот „Венчиќ“ пристигнаа во нашата установа со честитка за велигденските празници и потпис на Александар Вучиќ“, наведуваат во соопштението од таа предучилишна установа.
Оттаму додаваат дека „непознато лице на вработена и дало точен број лижавчиња со објаснување дека тоа е за децата од објектот“. „Имајќи предвид дека некој сакал да користи деца и вработени за политички цели, овој случај е пријавен во полиција“, се вели во соопштението.