23.8 C
Скопје
18/04/2025 14:40
МАКТЕЛ

    

ВИСТИНОМЕР: Контрамитингот на Вучиќ во македонските медиуми: Шаренолики информации за обоената револуција

      

Како македонските медиуми го проследија бомбастично најавуваниот тридневен собир на приврзаниците на српскиот претседател Александар Вучиќ изминатиот викенд (11, 12 и 13 април) во Белград? Овој собир, наречен од власта „сесрпски“, а од останатите како контрамитинг на Вучиќ, ја демонстрираше неговата моќ со две клучни пораки: да го прогласи долгонајавуваниот крај на обоената револуција и да го промовира неговото ново Движење за народот и државата. Притоа, по старата добра навика, и да манипулира со масовноста на собирот…Пишува: Стојан Синадинов

Тридневниот собир насловен „Србија не ја даваме“ на приврзаниците на српскиот претседател Александар Вучиќ изминатиот викенд (11, 12 и 13 април) во Белград беше во фокусот на вниманието и на македонските медиуми. Овој собир, наречен од власта „сесрпски“, а од останатите како контрамитинг на Вучиќ, ја демонстрираше неговата моќ со две клучни пораки: да го прогласи долгонајавуваниот крај на обоената револуција на студентските протести и да го промовира неговото ново Движење за народот и државата. Нема да дозволиме ниту однадвор, ниту одвнатре да ни ја рушат државата. И да ви кажам, нивната обоена револуција заврши. Може да шеткаат наоколу колку сакаат, нема ништо од тоа, порача Вучиќ.

   

Тој испорача пет барања, меѓу кои најважното е законски мерки за „воспоставување на редот и мирот во земјата“, што е своевиден повик за државно насилство и пресметка со демонстрантите, оценува за „Дојче веле“ новинарот Недим Сејдиновиќ. Студентите веќе петти месец преземаат долги маршеви низ целата земја и одржуваат масовни собири, а десетина од нив на велосипеди ја извозеа рутата од Белград до Стразбур долга над 1.000 километри, за да ги претстават нивните заложби пред Европскиот Парламент. Ова општество едноставно се распаѓа – или ќе се движиме во насока на Ердоган, што ќе значи зголемена репресија, апсење на многу критичари на режимот и бегање на луѓе од земјата поради страв од некаква одмазда, или протестите ќе продолжат да вршат притисок и ќе доведат до она што е единствениот добар или логичен исход, а тоа е промена на власта, смета Сејдиновиќ.

Радување на сличниот
Колку „Ќациленд“ (Ćacilend) како што опозициски настроените граѓани и медиуми во Србија на протестите под урнебесното мото „Пумпај!“ ги нарекуваат собирите на приврзаниците на Вучиќ – кои наводниот патриотизам го искажуваат со лошо познавање на мајчиниот српски јазик и граматика – беше присутен во македонските медиуми? Може да се забележи дека според латинската поговорка „Similis simili gaudet“ (во смисла дека секој му се радува на сличниот), и медиумите според отворената или прикриената политичка ориентација ги пренесуваа најавите за контрамитингот на Вучиќ и пораките што беа пласирани на него.

Така, медиумите ги пренесуваат петте барања што Вучиќ ги испорачал на контрамитингот (овде, овде), неговата самобендисана егзалтација (овде), збогатени со пропагандните пораки со кои неговата власт, по принципот „стап и морков“ (стапот за демонстрантите, морковот за приврзаниците), сака да ги задуши протестите: На штандот на Српска пошта ќе добијат информации за празнични ваучери во Србија за кои ќе можат да аплицираат од 17 април. Во првиот круг беа поделени околу 30.000 ваучери во вредност од 10.000 динари, кои граѓаните ќе можат да ги користат до крајот на ноември. Денеска и граѓаните ќе можат да се приклучат на движењето, да дадат предлози како да го именуваат движењето и да испратат писмо до претседателот Александар Вучиќ, објавата пласира детали за контрамитингот на Вучиќ.

Друга објава во македонски медиум (овде) пренесува вест од државната телевизија РТС како Вучиќ во директен телевизиски пренос ги чита писмата со пораки од граѓаните по митингот: Претседателот утрово за време на директниот пренос зборуваше и за документите за пристапување во народното движење, прашувајќи од кои делови на Србија се потписите. Тој додаде дека полицијата имала само толку работа да го насочи сообраќајот, нагласувајќи дека се било мирно, а атмосферата е величествена, наведува објавата. Објавите на социјалните мрежи, пак, се карактеризираат со далеку покритичка настроеност околу контрамитингот на Вучиќ во Белград (овде), често повлекувајќи паралели со домашните политички чинители и процеси (овде, овде, овде и овде). Тука фокусот е на двојните стандарди, толку присутни во општеството, за кои (и) ваква прилика не е само огледало на политичката пристрасност, туку веќе „состојба на умот“, кој можноста за бесплатна шопинг тура во Белград и сендвич/ручек сесрдно го прифаќа.

Борба со бројки на присутните
Од друга страна, пак, по завршување на контрамитингот во Белград, во дел од македонските медиуми може да се забележи балансирано известување околу бројката на присутните (овде, овде), со повикување на неколку извори, но и комплетирање на сликата за актуелната состојба во Србија со информациите за одржување на студентскиот протест што се одржа во Нови Пазар, под наслов „Слободата шета по чаршијата“, на кој демонстрантите се обидоа да спречат автобуси на приврзаниците на Вучиќ да тргнат кон Белград, што доведе до неколку инциденти (овде).

На почетокот на митингот „Нема да се откажеме од Србија“, што се одржа денеска во Белград, присуствуваа околу 55.000 луѓе (проценето во 19 часот)… објави Архивот на социјалната мрежа Х. Српскиот претседател Александар Вучиќ, повикувајќи се на проценка на полицијата, во своето обраќање на митингот рече дека на митингот „Нема да се откажеме од Србија“ имало околу 145.000 луѓе. Сепак, тој истакна дека верувал дека има повеќе луѓе, потсетува Н1. Претседателот на опозициската Партија на слободата и правдата (СПП), Драган Ѓилас, даде најниска проценка и тврди дека на митингот имало „едвај дваесет илјади луѓе“, се наведува во објавата. „Битката за бројките“ не е неважна кога се работи за контрамитингот на Вучиќ, бидејќи српскиот претседател најавуваше помасовен собир од собирот на 15 март во Белград, ораганизиран од студентското протестно движење.

По протестот „15 за 15“, на кој, според Архивата на јавни состаноци, присуствувале од 275.000 до 325.000 граѓани, „со можност тој број да биде уште поголем“, претседателот на Србија, неколкукратно намалувајќи го бројот на собраните, тврдеше дека луѓето се движеле за да изгледа дека ги има повеќе. Но, по 15 март повеќе не го најавуваше „најголемиот собир во историјата на Србија“, туку се обиде да остави впечаток дека не му е грижа да се натпреварува по бројот на учесници на релито. Тој ја спомена и можноста за промена на датумот на средбата – 28 март или 4 април, анализира „Истиномер“. Оваа анализа нуди детален хронолошки преглед на обидите на Вучиќ на кој било начин да одговори на масовните протестни собири на опозициски настроените граѓани, вклучувајќи политички дисквалификации, дезинформации и закани.

Четири месеци, повеќе, речиси пет месеци, од 3 ноември трае теророт на малцинството над мнозинството и знам колку страв се вовлекол во вашите домови, во вашите семејства, но знам и колкав гнев, колкав бес. Гневот и бесот мора да ги оставиме на страна, мора да разбереме дека секогаш ќе бидеме заедно со оние кои не тероризираа во претходните месеци. Сепак, ќе мора да се спротивставиме на мирен и демократски начин. И секој од нас мора да го направи тоа. Никој нема право да молчи. Ти, јас и сите други треба да го правиме тоа. И затоа ќе ве поканиме на 11, 12 и 13 да дојдете во Белград. Не е важно дали ќе бидеме 30 или 5.000. Без разлика колку ќе нè има. Тоа семе на слободата ќе почне да никнува. Семето на луѓе кои немаат страв. Луѓе кои само сакаат да живеат во слобода. Луѓе кои нема да дозволат да им се гази тробојката. Луѓе кои нема да дозволат знамиња на ОВК, знамиња на некои други држави кои не се пријателски настроени кон нашата држава, да бидат на нивните митинзи, „Истиномер“ ја цитира изјавата на Вучиќ во емисија на прорежимскиот „ТВ Пинк“.

  

Најново

ВИСТИНОМЕР: Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Sase Ivanovski

Во 1987 година, мостот Голден Гејт не ја прослави само историјата, туку се наведна под нејзината тежина

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Sase Ivanovski

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога и цигари со странски бандероли, кривична пријава и притвор за едно лице

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестициите во дигитализацијата се инвестиции во иднината, дигиталната трансформација значи борба против корупцијата

Sase Ivanovski

Лижавчиња со потпис на Вучиќ им биле дадени на деца во градинка во Сомбор

Sase Ivanovski

Венс „оптимист“ за мир, неколку часа откако Рубио се закани дека САД можат да си заминат од преговорите

Sase Ivanovski

РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти

Sase Ivanovski

Петровска: Истрагата за Кочани е контаминирана со политички изјави – виновниците не се лоцираат правилно

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Деновите поминуваат, а од СДС молк и не кажуваат дали Филипче има златна виза за Дубаи и како ја стекнал

Sase Ivanovski

МВР: Одземени возила користени во „диви“ трки во Куманово

Sase Ivanovski

Левица: Наставниците со пониска плата од просечната

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан

Sase Ivanovski

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Лозово и други две лица за злоупотреба на службена положба

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС тврдеа дека уставните измени се последно барање на Бугарија, сега од таму ги демантираат

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдено оружје, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Златото повторно расте – дали треба веднаш да инвестирате?

Sase Ivanovski

ДУИ: Новата програма за седмо одделение ги исклучува Албанците од учебниците по „Историја и општество“

Sase Ivanovski

Виткоф: Русија би можела да задржи некои од освоените региони во Украина, но не сите

Sase Ivanovski

Раздорот во ВЛЕН го фаворизира ДУИ: Зошто исклучително битен станува Зијадин Села?

Sase Ivanovski

Трамп: Не сум негов обожавател, но не мислам дека Зеленски е виновен за војната

Sase Ivanovski

Од денес може да се вози преку Галичица, заврши зимската забрана

Sase Ivanovski

(Видео) Четири лица загинаа во уривање на жичарница во јужна Италија

Sase Ivanovski

(Видео) МВР го пронајде возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен е јавен обвинител

Sase Ivanovski

Зеленски остро ја обвини Кина дека испорачува оружје за Русија

Sase Ivanovski

ВЛАДАТА ОЗАКОНУВА ПАУШАЛНИ ФАКТУРИ ЗА СТРУЈА

Sase Ivanovski

Кремљ: Истече наредбата на Путин за ненепаѓање на енергетската инфраструктура на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ – Кике Цветче и Иван Ајнштајн: Бегството не ги решава предизвиците во љубовта

Sase Ivanovski

Митрополит г. Петар: Велигден е најсветлиот празник на христијанската вера и таинството кое ја преобразува историјата на човештвото

Sase Ivanovski

Од „не ни требаат странци“ до „добредојдовте, шеици“ – Чебрен станува профитабилен проект кога владее ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување

Sase Ivanovski

Кој прв ќе изгори од изигрувањето на Законот за нефер практики?

Sase Ivanovski

Свештена бигорска Обител: Велигден не е време за профит, туку за милосрдие

Sase Ivanovski

Скандал во Хрватска: Општина платила 1.500 евра за приватен детектив да следи воспитувачка поради боледување

Sase Ivanovski

Ректорот на Универзитетот во Белград: Пријавата против мене е пријава против целата академска заедница

Sase Ivanovski

Велигденската порака на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос воскресна, надеж наша!

Sase Ivanovski

Српскиот претседател порача дека не смее да продолжи блокадата на РТС

Sase Ivanovski

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово пред политичка криза по неконституирањето на Собранието; СПАК со истрага за изборен криминал во даночната администрација; „Фантомски“ партии пред изборите во Албанија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Идентификуван возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен јавен обвинител

Sase Ivanovski

Кумановец лишен од слобода, оружје пронајдено при претрес на домот

Sase Ivanovski

Американската влада ги укина визите за повеќе од 1.000 странски студенти

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје по повод Велигден

Sase Ivanovski

Левица: Над 3000 вработени во културата се оставени без мартовска плата во пресрет на Велигден

Sase Ivanovski

„Кинескиот Илон Маск“ користи само два броја за да покаже зошто автомобилската индустрија на неговата земја сега ги надминува САД и Европа

Sase Ivanovski

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на машко лице кое најверојатно се задушило

Sase Ivanovski

ЦУК: Мртов маж пронајден во изгорена куќа во Кавадарци, имало девет пожари на отворено

Sase Ivanovski

Кина ги отфрла обвинувањата на Зеленски дека Пекинг и испорачува оружје на Русија

Sase Ivanovski

Сајбер-криминалците се повеќе користат електронски паричници за да украдат картички

Sase Ivanovski

Нов марш за правда за жртвите утре во Кочани: Семејствата на загинатите ги повикуваат сите граѓани и медиуми

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гужви за кон Грција, Велигден ќе се слави и на море

Sase Ivanovski

Брнабиќ: Блокадата на РТС стана бескрајно насилство

Sase Ivanovski

Далеку од колонијализам: Европа развива свои лежишта на литиум

Sase Ivanovski

Инженерите алармираат: Владата озаконува паушални фактури за струја

Sase Ivanovski

Професори и научници упатија прашање до полицијата која денеска го испрашува ректорот Владан Ѓокиќ: „Што правите?

Sase Ivanovski

Драма во Хрватска: Додека слетувал авион во Дубровник, дрон опасно се доближил до него

Sase Ivanovski

ДУИ: Новата програма за седмо одделение ги исклучува Албанците од учебниците по „Историја и општество“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Идентификуван возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен јавен обвинител

Sase Ivanovski

Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март, пријавени 309 заболени

Sase Ivanovski

Палестински медиуми: Најмалку 20 загинати во израелски напади во Газа

Sase Ivanovski

Виткоф: Русија би можела да задржи некои од освоените региони во Украина, но не сите

Sase Ivanovski

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Лозово и други две лица за злоупотреба на службена положба

Sase Ivanovski

Најмалку 38 загинати во американски напад врз позиции на Хутите во Јемен

Sase Ivanovski

Трамп ѝ се закани на Кина со царини до 245 проценти; Кина: Бесмислена игра со броеви, одиме до крај

Sase Ivanovski

Радоста од меѓусебното запознавање

Sase Ivanovski

Денко Малески: Ќе зборуваме за „нашата“ трагедија ако зборуваме и за „вашата“

Sase Ivanovski

Еден загинат и 54 повредени во руски напад врз Харков, соборени 56 украински дронови во Русија

Sase Ivanovski

Венеција двојно ја поскапе влезната такса за еднодневни патувања

Sase Ivanovski

Членките на ЕУ се согласија волците повеќе да не бидат „строго заштитени“ животни

Sase Ivanovski

Рубио му пренел на Лавров дека САД можат да се откажат од мировен договор за Укарина ако нема јасни знаци дека може да се постигне

Sase Ivanovski

Најмногу дожд во Охрид и на Попова Шапка

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан

Sase Ivanovski

Велики петок – најтешкиот ден во годината

Sase Ivanovski

Разговор Лавров-Рубио: Москва за понатамошна соработка за елиминирање на главните причини за украинската криза

Sase Ivanovski

Дел од Ново Лисиче ќе биде три часа без струја

Sase Ivanovski

Христијаните денеска го одбележуваат најтажниот ден во годината – Велики петок, кога Исус Христос бил распнат на крст

Sase Ivanovski

Промени во јавниот превоз, автобусите со изменет распоред за празникот

Sase Ivanovski

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Деновите поминуваат, а од СДС молк и не кажуваат дали Филипче има златна виза за Дубаи

Sase Ivanovski

Додик: Ако Република Српска ја имаше Србија против себе, ќе беше во исклучително тешка ситуација

Sase Ivanovski

Од денеска трговците јавно ќе ги објавуваат продажните цени на веб страниците

Sase Ivanovski
Вчитувам....