Клупата e во форма на петтоаголник и исцртува форма на куќа, обединувајќи ги различните етнички заедници во еден дом, вели Ајваз. Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата „Шампион на мирот“ од Regional Youth Cooperation Office – RYCO, финансирана од Германското федерално министерство за надворешни работи.
„Денес ја поставив урбаната уметничка инсталацијата „Клупата на заедниците“ во моето маало, во скопски Чаир каде имав и прилика на група млади да им ја раскажам целата идеjа за клупата. Чаир е пример за населба во која соживотот е реалност. Политиката, на страна. Клупата e во форма на петтоаголник и исцртува форма на куќа, обединувајќи ги различните етнички заедници во еден дом“, напиша Озбек Ајваз на својот профил на Фејсбук.
Мета прва објави за талентот на Ајваз пред три години, кога тој, додека беше магистрант на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, ја имаше својата прва самостојна изложба пред зградата на Филхармонијата. Пред публиката, на отворено, го претстави неговото дело „Тешкото оро“, изработено од железо и составено од скулптури на осуммина играорци во природна големина.
Овој млад надежен ликовен уметник има учествувано во повеќе групни изложби и симпозиуми, а добитник е и на бројни награди, меѓу кои и награда за надежен млад уметник во Истанбул. Извор: Новинска агенција МЕТА