Денес ја предводев македонската делегација составена од @mucunski, @janushot и @dimovskigoc која денеска во Абу Даби оствари средба со Валид Ал Мокараб Ал Мухари – заменик извршен директор на “Мубадала’ инвестициска компанија од Обединетите Арапски Емирати. Ги презентиравме и инвестициските можности во делот на туризмот, инфраструктурата и земјоделието. Зборувавме за планот за инфраструктурен развој на Република Македонија со посебен фокус на модернизација на транспортните коридори.
Ја разгледуваме потенцијалната соработка за инвестиции во Македонија, ги презентиравме условите што ги нуди Македонија на странските инвеститори, како и потенцијалните можности за инвестиции во Македонија. Оваа средба е добра можност за отворање на нови перспективи меѓу двете земји, потенцирајќи дека Македонија има одлична геоположба која на инвеститорите им нуди предност во регионот и директно поврзување со пазарите во Централна Европа. “Мубадала” е инвестициска компанија со портфолио од 302 милијарди долари која работи на шест континенти во различни сектори.
View this post on Instagram