Лени Кравиц ги отвори вратите на својот дом во Париз за @archdigest и ја раскажа приказната за тоа како од идејата да купи мал стан на Сена да заврши во вила од 1920-тите, поранешниот дом на грофицата Ана д’Орнано. „Не е тоа што го бараш, но мора да го видиш“, му рекол агентот и бил во право.
Во соработка со неговото студио @kravitz_design, Кравиц ја трансформираше аристократската резиденција во лично светилиште исполнето со фотографии, уметнички дела и предмети што го поврзуваат со неговите предци и луѓето кои го обликувале неговиот живот.
View this post on Instagram