Сите јадења тука се подготвуваат во фурна на дрва од месени лепчиња, пита со праз кои може да ги добиете по нарачка. Од предјадење ќе пробате закуски на домашно ајварче, пинџур, лутеница, летна манџа, тиквички со лукче, пиперка во кајмак, биено и домашно овчо сирење. Како што знае @dimitardimoski94 да спреми месо никој не знае, месото се подготвува на скара на жар. Особено е вкусна шарската плескавица полна со кашкавал и млад домашен кајмак, ребро, свинско филе, кременадла, стек и домашен колбас со путер меки компирчиња од фурна.
Кој е љубител на риба без грешка е порција на крап или пастрамка од рибникот на Рестранот. Од десертите препорака за слаткото од домашни смокви, баклавата или пак палачинките. Посетете го @bigorvrutok во прва прилика.
View this post on Instagram