Сѐ започна во 2020 година, за време на пандемијата, кога заедно со уште четири ентузијасти го создаваат дигиталното решение „Плати сметка“ на Стартап Викенд. Идејата беше едноставна, но моќна: да се овозможи лесен начин за секој човек да плати сметка за струја или вода на семејства кои се во тешка финансиска состојба. Иницијативата експлодира – првите сметки беа платени за помалку од 4 часа.
До денес, преку „Плати сметка“ се помогнати речиси 500 семејства, со вкупна поддршка од околу 200.000 евра. Сѐ тоа е овозможено од луѓе кои сакаат да помогнат – од донации, без бирократија, без компликации, директно до оние на кои најмногу им треба.
View this post on Instagram