Финскиот јавен радиодифузен сервис Yle објави документарен филм за атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо, прикажувајќи го првпат целото видео, кога 71-годишен маж се обиде да го убие во мај 2024 година.
❗️🇫🇮🇸🇰 Роберт Фикогийн амь насанд халдах оролдлогын шинэ бичлэг нийтлэгдсэн байна. Финландын үндэсний Yle телевиз Словакийн тухай баримтат кинонд тус улсын Ерөнхий сайдын амийг хөнөөх оролдлогын уг бичлэгийг гаргажээ pic.twitter.com/J7mMMaRbUB
— Улаан судар ☯ (@UlaanSudar) April 18, 2025
На снимката се гледа како напаѓачот отворил оган кон словачкиот премиер, се додека вратите од лимузината во која безбедносните службеници го сместиле ранетиот политичар не биле затворени. Се гледа и обезбедувањето како го крева Фицо од земја, како и неговата реакција веднаш по пукањето. Веста за прикажувањето на документарниот филм наречен „Улколинја“ во Словачка прв ја објави весникот „Денник Н“, а дополнително видеото го објавија словачките медиуми како Правда, СМЕ и ТА3, како и чешки и украински медиуми. Креаторите на документарецот во моментот на емитувањето не знаеле дека во свои раце имаат претходно необјавен материјал, пишува Yle.
„Денот по објавувањето на документарецот, почнаа да ми се јавуваат од Словачка и да ме прашуваат од каде го добивме материјалот“, вели Марко Ленквист, продуцент и режисер на „Улколинја“.