Попладнево во околу 17 часот изгоре автомобил во селото Банско кај Струмица, информираа од Територијалана противпожарна единица од Струмица. Според информацијата, запалениот автомобил го гаснеле четворица пожарникари со едно противпожарно возило.
– Во моментот на пристигнување, пожарот беше во разгорена фаза. За кратко време е локализиран и ликвидиран – се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.
Причинета е значителна материјална штета, а причините за пожарот се испитуваат.