Во сообраќајна несреќа која се случи во Карловац, Хрватска, загина поранешниот хрватски репрезентативец Никола Покривач. Покрај поранешниот фудбалер животот го загубило уште едно лице, а уште три биле повредени. Низ кариерата Покривач настапуваше за: Динамо Загреб, Монако, Салзбург, ИНтер Запрешиќ, Славен Белупо…
Дресот на репрезентацијата на Хрватска го носеше на 15 натпревари, а играше и на Европското првенство во 2008 година. Пред неколку години му беше дијагностициран потежок вид на рак поради што ја заврши професионалната кариера и играше низ аматерските лиги.