Еквадор е во состојба на зголемена готовност поради наводен заговор за атентат врз неодамна реизбраниот претседател Даниел Нобоа, соопштија властите на оваа латиноамериканската земја. На социјалните мрежи кружат извештаи од военото разузнавање, во кои се тврди дека атентатори кои влегуваат во Еквадор од Мексико и други земји планираат да извршат „терористички напади“ против шефот на државата. Остро го осудуваме и отфрламе секој обид за атентат врз претседателот на Републиката, државните власти или државните службеници, се вели во денешното соопштение на Владата на Еквадор.
Еквадор е „во состојба на готовност“, се додава во соопштението, обвинувајќи ги „криминалните организации поврзани со политички субјекти кои ги загубија изборите“ за наводниот обид за атентат. Нобоа победи на претседателските избори во вториот круг од изборите во неделата, но неговата левичарска ривалка Луиза Гонзалез го обвини за „гротескна изборна измама“.