23.8 C
Скопје
19/04/2025 14:15
МАКТЕЛ

    

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

      

Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Празник неврзан за датум. Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум? Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Зошто е така и како се определува тоа? Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми.

Велигден е Празник над празниците. Тој не се вбројува во ниедна група на празници, бидејќи му нема рамен на него – тој е над сите. Но, со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Тие произлегуваат од него – или му претходат, како подготовка за празникот. Тие постојат од неговото постоење. И едните и другите се датираат според Велигден. На пример, најконкретно и неиздвоиво се поврзани со Велигден празниците 50 дена пред него и 50 дена по него. Секогаш, педесеттиот ден пред Велигден е Прочка и секогаш педесеттиот ден по Велигден е Дуовден (Педесетница). Потоа, празниците по Дуовден се нарекуваат недели по Дуовден, од првата до триесет и првата – втората, но зар не е и тоа поврзано со Велигден, кога Дуовден се определува според Велигден? Тој му ги отстапил тие недели на Дуовден. А и Спасовден е секогаш на 40 ден по Велигден, Цветници е неделата пред Велигден, а саботата е Лазарева сабота итн. Е сега, замислете, сите тие празници – толкав број на празнувања, зависат од определената дата за Велигден. Тие постојат за него и ќе се празнуваат кога ќе каже тој. А кој кажува кога ќе биде Велигден и како тоа го определува? Светата Црква кажува кога ќе биде Велигден и тоа го определила за сите и за секогаш, на два Вселенски собора: на Првиот и на Шестиот.

   

Во почетокот на христијанството, уште веднаш почнало да се празнува Велигден. Тоа е првиот празник на христијаните. Најстариот празник. Почетниот празник. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века. Христијаните на Исток, во Азија: Ерусалимската, Антиохиската и Александриската црква го празнувале Велигден во исто време и на ист датум, но другите не. Тоа бил датумот на Старозаветната Пасха. Велигден се празнувал секогаш на 14 ден од првиот пролетен месец, без разлика во кој ден од седмицата ќе се падне тој датум. Значи, Велигден можело да падне и во петок и во вторник… А, уште повеќе што тоа било истовремено празнување на Велигден со Јудејската Пасха. Христијаните, пак, во Европа велеле дека е неприлично да го славиме нашиот најголем празник Велигден, заедно со најголемиот празник на Евреите – Пасха. Затоа, се определиле да го слават Велигден секогаш во неделниот ден по првата пролетна полна месечина. Тоа значело дека Велигден ќе биде секогаш во недела.

Зошто во недела?

Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела. Поделбата започнала. Настанале спорови, расправии, кавги, непријателства и прекари, именувања едни кон други: едните ги викале „кватродецими“, на латински, што значи „четиринаестодневници“, другите „доминикани“ – „неделници“. Значи, календарското неединство е од дамнина. Не е нешто ново и нешто што ни се случува нам, сега, туку постоело со векови. Овие две различни празнувања на Велигден постоеле во првите три века, па дури на Првиот вселенски собор, во 325 година, било поставено и решавано прашањето за едно и заедничко празнување на Велигден за сите христијани. Соборот донел одлука: Велигден да се празнува насекаде во првата недела по Пасхалната полна месечина. Тоа, веднаш значело дека Велигден ќе биде секогаш по јудејската Пасха. Не треба да биде заедно со неа. Значи, Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет; денски, сонцев знак – пролетната рамнодневница; ноќен, месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамнодневница; споредбен празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа. Таа е старозаветна, а Велигден новозаветен. Таа претходи, а Велигден следи. Тој е Новата Пасха.

Ова правило од Соборот важи и до ден денес. Тоа не се темели на ничија мудрост или било каква поврзаност со нешто и со некого, освен со законите на вселената. Богомудро решиле светите отци и го поврзале Христовото воскресение со вселената, што значи дека тоа е од вселенско значење – за сите луѓе и за цел свет.

Велигден е дел од космосот и тој е неодвоиво поврзан со космичките движења, од дневното вртење на Земјата околу Сонцето. Тоа движење е непрестајно и ни ја претставува вечноста, и најголемиот христијански празник Велигден е слика на вечноста. Воскресението Христово и Распнувањето е со значење за целата вселена, за сето време и за вечноста. Тоа се решило така и започнале сите да празнуваат на ист ден. Настанало единство во сето христијанство – единство за Празникот над празниците. Но, не за долго. Всушност, уште веднаш се појавиле разлики по прашањето за часот и времето од денот. Спореле: Кога да почне празникот? Во недела, ама кога во недела? Имено, западните христијани – Римската црква рекла дека на полноќ се објавува Воскресението Христово и започнува Велигден. Буквално, на почетокот од денот недела. Христијаните на Исток, пак, започнувале еден час по полноќ, а некои, пред зори – во 4 часот наутро, по европско време. Оваа различност продолжила нови три и пол века. Дури на Шестиот вселенски собор, во 680/81 година, повторно било поставено за решавање разногласието за почетокот на Велигден. Соборот одлучил: Велигденскиот пост престанува на полноќ на Велика сабота и започнува Велигден на полноќ, веднаш, штом влегува во недела (89 Правило на Соборот). Оттогаш настанала истовременост на празнувањето. Започнала секаде еднообразност за Велигден. Христијанскиот свет имал ист празник, во исто време и час. Големината на Најголемиот празник се зголемила и со единството во празнувањето на празникот. На полноќ, Црквата ги собира христијаните во едно празнување на Празникот над празниците. Зошто така одлучил Соборот?

Зошто на полноќ веднаш, а не дента? Светите отци сакале да биде празникот, колку е можно, најблиску до времето на Христовото воскресение. Но, нам не ни е кажано точно времето и часот кога Христос воскреснал. Тоа не го пишува во Библијата. Евангелијата ја премолчиле оваа точност. Тогаш, како определувале на Соборот? Какво е објаснувањето? Точно е дека во евангелските текстови не се спомнува часот на Христовото воскресение, но се даваат одредени временски ориентири. На пример, за жените мироносици се вели дека „во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето“ (Марко 16,2). Во Евангелието според Матеј пишува: „Кога измина саботата, на осамнување“ (Матеј 28,1). А Лука запишал: „Многу рано тие дојдоа на гробот“ (Лука 24,1). И најпосле, Јован, којшто последен го напишал Евангелието и ги прочитал претходните, запишал: „уште дури беше темно“ (Јован 20,1). Но, никој не вели: на полноќ. Можно е целото време од полноќ до 3-4 часот наутро, пред да зазори. Така е. Временска точност нема. Тогаш што нè води кон полноќта? Еве што. Прво, сигурно е дека тоа не се случило денски. Ова е јасно, бидејќи жените мироносици пошле „уште во темно“, а Христовото тело веќе не било во гробот и ангелот Божји што стоел кај влезниот камен рекол: Христос воскресе. За моментот на Христовото воскресение не е напишано, но за доаѓањето на ангелот Божји, којшто ги пречекал жените мироносици кај празниот гроб, се вели: „Стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото…, а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви “ (Матеј 28,2-4). Ним им е допуштено да го видат само ангелот и тоа во неопислив страв и трепет, а не и воскресението. Тоа и не можеле да го видат, не само тие, туку и никој со човечко око. Дури и најизбраните тројца апостоли: Петар, Јаков и Јован, кои ги зел Христос со Себе на Преображението, биле заслепени од Божјата светлина и ничкосани до земја, не можеле да видат ништо, а не стражарите. И, сепак, тоа било само Неговото преображение, а не Воскресението. Кој можел да ја поднесе таа светлина? Стражарите одвај го издржале јавувањето на ангелот Божји, а не… Потоа, во страв избегале и право отрчале кај првосвештениците да им кажат. Кога дошле жените, нив веќе ги немало таму. Сето ова траело некое време. Изминале неколку часа. В зори веќе било сè готово. Значи, настанот се случил порано, а можело и на полноќ, но сигурно не пред полноќ, вели светата Црква. Не пред полноќ, затоа што рекол Христос дека ќе остане во срцето на земјата, како што беше Јона во утробата на китот три дни (Матеј 12,40; Јона 3,5 сп. Матеј 26,61; 27,40; Јован 2,19). Бројот три има симболика на потполност, целина и довршеност. Народите на Исток, па и Евреите, верувале дека душата на покојниот два дена останува во близина на телото, а во третиот ден заминува. Тоа е уште еден доказ дека Он бил мртов и душата си заминала од кај телото. Не било тоа клиничка смрт или времена несвесност, туку вистинска смрт и умирање, вистинско погребение на мртвото тело и висинско воскресение.

А зошто воскреснал во почетокот на третиот ден? Воскресението во почетокот на означеното време значи сила и моќ – дека немало што да чека, туку ја имал Божјата сила и можел да воскресне; а тоа, ако се случело на крајот од денот, ќе значело немоќ – како да чекал да собере сила, како едвај воскресна. Затоа е земен терминот веднаш по полноќ, само што почнува неделата. Затоа тогаш се објавува Воскресението и гласно се вели: – Христос воскресе! Ова значи објавување на една голема вистина – му се објавува на целиот свет дека нашиот Бог и Спасител не е мртов, туку е жив и не е во гробот, туку воскресна. Тоа се кажува гласно и сеопшто, од сите и за сите во светот. Тоа значи одеднаш, јавно и најмасовно исповедање на верата на сиот свет дека Христос воскресе! На тоа се одговара: – Вистина воскресе! А отпоздравот значи потврдување на вистината за Христовото воскресение и потврдување на својата вера во тоа. Велигден е денот на најмасовното и најсилното јавно исповедање на верата христијанска, од сите христијани во светот: дека Христос воскресе. Но, тоа не е само меѓусебно кажување на христијаните, туку и нивно најголемо заедничко кажување на светот дека Христос воскресе. Тоа му го објавуваат на целиот свет и на сите луѓе во светот.

Велигденските таблици за пресметување на датумот на Велигден се нарекуваат и Пасхални таблици или Пасхалии. Оваа пресметка не е едноставна и има своја долга историја. На почетокот, тоа право ѝ го дале на Александриската црква, затоа што таа имало најмногу учени луѓе. Првите пресметувања ги направил свети Теофил Александриски во 385 г. и ја дал првата Пасхална таблица за 40 години. Тоа го дооформил свети Кирил Александриски и било дадено за целиот христијански свет, скоро два века. Во 526 година, пак, римскиот монах Дионисиј Мали ги зел новите пресметки од учениот александриски монах Анијан, ги преработил, ги прилагодил со јулијанскиот календар и ги направил конечните Велигденски таблици, со сите правила и редослед – точно и неизменливо. Тоа важи и до денес, и за секогаш. Формиран е Велигденски круг, Пасхален круг или Пасхалија која никогаш не завршува и е наречен Голем индикт (а станува збор за целосниот круг на Сонцето и Месечината, од еден до нов почеток, кога нивните кругови започнуваат заедно). Оваа вечна Пасхалија опфаќа циклус од 532 години. А кога ќе заврши овој круг, пак се повторува по истиот ред. Следат нови 532 години со истите дати за Велигден како во претходниот. Зошто се определени 532 години во кругот и како тие остануваат неизменети до бесконечност? Тоа е чиста астрономија и математика. Направено е според поставените закони во вселената. Монасите пресметале дека по 532 години, Сонцето и Месечината почнуваат заедно, а Велигден паѓа во ист ден како пред 532 години и сè се повторува од тој петвековен круг.

Како е добиен бројот 532? Со множење на кругот на Сонцето и на Месечината. Сончевиот круг има 28 години и потоа, пак во истите денови се паѓа недела. Кругот на Месечината трае 19 години и потоа исто се повторуваaт месечевите мени во следните 19 години итн. Помножени се овие години и добиен е Велигденскиот круг (28х19=532). Ние сега сме во 15 индикт – 15 Велигденски круг. Тој започнал 1941 година, а ќе заврши 2472 година. Зошто дури 15 круг? Па нема толку години и кругови од Христовото раѓање наваму. Да, нема. Но, пресметката на круговите е започната не од Христа наваму, туку од создавањето на светот, затоа сега е 15 круг. Почетна година е земена 5508 пред Христа. Најрано, пролетната рамнодневница може да дојде до 4 април, а најкасно до 8 мај. А и Месечината може да биде полна, најрано на 4 април. Па, ако тој ден е недела – тогаш ќе биде најраниот Велигден. Кога на небото ќе се сретнат и Сонцето и Месечината полна, во недела – таа недела е Велигден. Но, ако тоа се падне пред Пасха јудејска или заедно со неа, тогаш се одлага Велигден за првата недела по следната полна месечина, ама не подоцна од 8 мај. Во еден Велигденски круг од 532 години, може да се падне најраниот Велигден – на 4 април, петпати (во сегашниов круг во: 2010, 2105, 2200, 2213, 2447), а најдоцниот Велигден – на 8 мај, четирипати (1983, 2078, 2173, 2268). Откако е направена формулата, започнале да се прават и повеќегодишни таблици. Објавуван е датумот за Велигден за целиот последен Велигденски круг, во којшто сме и ние сега. Сега, откако е пронајдено компјутерското пресметување, има можност брзо да се задоволат љубопитствата и да се добие точниот датум за Велигден, за било која година и век.

Православните цркви го слават Велигден сите на ист датум. За среќа, овде не се направи поделба и Велигден остана заеднички празник, а тоа значи и сите празници поврзани со Велигден, иако црквите се раководат според два различни календари: јулијанскиот и грегоријанскиот. Празниците со одредените дати ги празнуваме различно, а Велигден и велигденските празници – заедно. Со новиот календар започнаа први Грците, од 1924 година и во почетокот го прифатија сите цркви кои имаат Грци поглавари, освен Ерусалимската патријаршија и Света Гора. Потоа, го прифатија и други цркви, но не сите, туку пола-пола, останувајќи поделени и до денес. Но, Велигден е во заеднички датум за сите православни цркви. И добро е што е така. Слава на Бога! Во Македонија, на ист датум со православните, го слават Велигден и протестантите од Евангелско-методистичката црква и католиците од источен обред.

  

Најново

VW го зголемува производството на бензински и дизел мотори

Sase Ivanovski

Европска држава која нема војска и е многу безбедна…

Sase Ivanovski

Не постои метропола во светот (која не е во војна) што ги губи толку лесно културните и уметничките кодови

Sase Ivanovski

Двајца од загинатите во собраќајката се жители на странска држава, третиот е македонски државјанин

Sase Ivanovski

Израел не исклучува ограничен напад врз иранските нуклеарни локации и покрај тоа што Трамп се откажа од планот

Sase Ivanovski

СТИГНА Fire Fly – Оган без чад, задоволство без граници!

Sase Ivanovski

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не сме родени во Влада, ако сметаат ќе бидеме, ако не ќе одиме во опозиција, рече Таравари во Стадион

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во недела само кулирање и озбилни теми…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Овие очила за вештачка интелигенција би можеле многу да ви помогнат

Sase Ivanovski

Црвена Звезда се врати во Скопје – после три децении!

Sase Ivanovski

Жител на Врапчиште доби кривична пријава, покажал фалсификувана возачка на Табановце

Sase Ivanovski

Според Медведев, Русија без САД и ЕУ брзо ќе најде решение за украинското прашање

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

Sase Ivanovski

Се преземаат сите мерки за безбедна туристичка сезона во охрид

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Иако знаеја дека уставните измени не се последното барање на Бугарија, СДС свесно го лажеше народот

Sase Ivanovski

Еквадор стравува од можен атентат врз претседателот Нобоа

Sase Ivanovski

Граѓаните да внимаваат, пролетното сонце ги раздвижи и змиите

Sase Ivanovski

СДСМ: Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата мува не ја лази

Sase Ivanovski

Во Рим втора рунда преговори за иранската нуклеарна програма, Иран бара силни гаранции

Sase Ivanovski

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат дирeктно одговорните за трагедијата

Sase Ivanovski

По два обида за конституирање нов парламент, во Косово се можни нови избори

Sase Ivanovski

Си-Ен-Ен: Администрацијата на Трамп е подготвена да ја признае руската контрола на Крим со цел да се стави крај на војната

Sase Ivanovski

Русија тврди дека зазела уште едно село во Курск под контрола на Украина

Sase Ivanovski

Кривична пријава за светиниколец кој вршел јавен превоз без лиценца

Sase Ivanovski

Најмалку 90 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 48 часа

Sase Ivanovski

Трагедијата во Кочани во фокусот на денешните партиски препукувања

Sase Ivanovski

19-годишник со „бмв“ излетал од патот кај Миравци, починал на самото место

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Емотивен говор на новиот градоначалник на Кочани. Ќе се избориме за правда,политика не не интересира

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Првичните информации се дека неприлагодената брзина е причина за сообраќајката кај Кичево

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Автомобил се преврте на патот кон Волково, кој стои раскопан повеќе од половина година

Sase Ivanovski

Нови услуги на МВР достапни на националниот портал uslugi.gov.mk

Sase Ivanovski

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода штипјанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Тошковски од Охрид: За 20% зголемен бројот на патници на охридскиот аеродром, СВР Охрид и РЦ Запад подготвени за безбедна туристичка сезона

Sase Ivanovski

Нови услуги на МВР достапни на националниот портал uslugi.gov.mk

Sase Ivanovski

При крај е реконструкцијата на патот Охрид-Свети Наум, треба да се асфалтираат уште пет километри

Sase Ivanovski

Словенечки суд го ослободи поранешниот премиер Јанша од обвиненија за корупција

Sase Ivanovski

Змиско око од Кочани

Sase Ivanovski

Утре и задутре нема да се наплаќа во зоните на „Градски паркинг“

Sase Ivanovski

Извршен увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени

Sase Ivanovski

Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Бројот на загинати од американските напади врз Јемен се искачи на 80, соопштија бунтовниците

Sase Ivanovski

САД ќе повлечат стотици војници од Сирија

Sase Ivanovski

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД ја запре депортацијата на обвинети Венецуелци

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден

Sase Ivanovski

САД подготвени да ја признаат руската контрола на Крим за прекин на војната во Украина

Sase Ivanovski

Мелони: Италија има намера да достигне два проценти од БДП за воени трошоци

Sase Ivanovski

Покрената постапка против Унгарија: Дали Орбан ќе плати за пречекот на Нетанјаху?

Sase Ivanovski

На граничните премини за излез се чека најмногу половина час

Sase Ivanovski

Денеска во Кочани нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот

Sase Ivanovski

СЕ ЧИНИ КАКО ИДЕАЛЕН ВИКЕНД, АМА ВРЕМЕТО ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ Ќе блесне сонце, но еве каде ќе има дожд

Sase Ivanovski

Пронајдени трите девојчиња кои беа пријавени за исчезнати во Ќерамидница

Sase Ivanovski

Таравари почнува со интензивни разговори за потенцијалниот кандидат за градоначалник на Тетово

Sase Ivanovski

(Фото) Непознати ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо утрото кога ја киднапирале Вања

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во Нови Сад пречекани студентите велосипедисти од Стразбур

Sase Ivanovski

Tрагедија во Хрватска: Во сообраќајка загина поранешен фудбалски репрезентативец

Sase Ivanovski

По локалните избори очекувам да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС, вели Ангелов

Sase Ivanovski

Таравари: Разговарав со Ахмети, но само телефонски

Sase Ivanovski

Автомобил изгоре во струмичкото село Банско

Sase Ivanovski

Нова снимка од атентатот на Фицо: Од реакцијата, до првиот истрел, до затворање на вратата од лимузината

Sase Ivanovski

Вин-Вин – Интервју со министерот за култура Зоран Љутков

Sase Ivanovski

Саботажа сезона 11 бр. 54

Sase Ivanovski

Еден месец подоцна: Кочани живее од што се мора

Sase Ivanovski

Идеалот за остварување на сонот е секогаш присутен – интервју со Влатко Стефановски

Sase Ivanovski

B-1B Bones направи невидено распоредување на оперативната група бомбардери во Јапонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 500-годишната велигденска традиција на Скопио дел Каро во Фиренца, Италија

Sase Ivanovski

По распадот на СССР, кошаркарската репрезентација на Литванија не можеше да си дозволи да учествува на Олимпијадата во 1992 година, па Грејтфул Дед ги финансираше трошоците на тимот и испрати опрема во националните бои на Литванија. Тие ја освоија бронзата на таа Олимпијада

Sase Ivanovski

Позади штитот и репутацијата на лош човек се крие друг Џенаро Гатузо кој е голема људина

Sase Ivanovski

На полувремето од хуманитарниот натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда, легендите на двата клуба истрчаа почесен круг околу теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СКОПЈЕ МИ Е ДОМА – ЃОРЃИ ГАЛЕТАНОВСКИ: За градот, ЗОО Скопје, ноќниот живот, спомените и Скопје во некои други и поинакви времиња

Sase Ivanovski

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГРЦИЈА – ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ДИГИТАЛНАТА РАБОТНА КАРТИЧКА: Нема работа на црно

Sase Ivanovski

НА ВЕЛИКИ ПЕТОК ПОМОШ ЗА НАЈСИРОМАШНИТЕ: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Отец Оливер поделија пакети со храна

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМАТА ЗАПАДНА БАНКА КОЈА УШТЕ РАБОТИ ВО РУСИЈА ЈА СТОПИРА ПРОДАЖБАТА: Причината е промената на односите меѓу САД и Русија

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈА: Три лица загинаа вечерва кај Кичево, други итно се префрлаат на скопските клиники

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОЕЊЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ПРЕД РТС: Студентите ги повикуваат граѓаните заедно да ги поминат празниците

Sase Ivanovski

ОЈО Кочани побара замена на мерката куќен притвор за двајца осомничени од ДПИ по пожарот во клуб „Пулс“

Sase Ivanovski

Скопјанец пријавил дека исчезнале неговите три внуки

Sase Ivanovski
Вчитувам....