Денеска во рамките од Првата македонска фудбалска лига на натпреварот помеѓу Воска Спорт и Вардар дојде до прекин во 76 минута. Фудбалерите на Воска Спорт при резултат 1:1 одлучија да го напуштат теренот поради судиските одлуки во текот на мечот. По првото полувреме водеа играчите на Воска Спорт со голот Осеи реалзиран во 14 минута од средбата. Скопските „црвено-црни“ успеаја да го израмнат резултатот во 71 минута благодарение на погодокот на Дурански. Во продолжение целото соопштение на ФК Воска Спорт:
За жал, поради овие сериозни неправди, во 76-тата минута нашиот тим беше принуден да се повлече од натпреварот. Веруваме дека ова беше единствената можна одлука за заштита на правата на нашите играчи и спречување на понатамошно мешање во спортскиот интегритет.
Во овој поглед, бараме од ФФМ да ги разгледа контроверзните одлуки на судиите и да преземе мерки за спречување на вакви ситуации во иднина. Се надеваме дека ќе се спроведе детална истрага на судиските одлуки и дека ќе се обезбеди фер и рамноправна игра за сите тимови. Во очекување на вашиот одговор и понатамошни упатства, ви благодариме за разбирањето – стои во соопштението на ФК Воска Спорт.