Премиерот Христијан Мицкоски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден, во свое име и во име на Владата упати честитка до Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, свештенството, монаштвото и сите православни верници.
-Живееме во тешки времиња на предизвици и искушенија, и сум целосно свесен дека многу наши граѓани ги мачат истите проблеми и грижи. Сакам да биде подвлечено дека ние, сите заедно мора да работиме за напредокот и благосостојбата на секој еден човек, и тој пат да обезбедиме иднина не е воопшто лесен, но јас сум цврсто и непоколебливо решен заедно да го изодиме до целта. Заедно да ги менуваме работите, да се бориме против несигурноста, против ударите кои треба да не поколебаат, и да застанеме позади вредностите во кои веруваме, наведува Мицкоски. На тој пат, се подвлекува, вербата во Бог и грижата за ближниот не се само лична определба, туку темел на едно силно и одговорно општество.
-Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество. Бог да ја чува Македонија. Христос Воскресе!, стои во честитката од премиерот Христијан Мицкоски