„Велигден е празник кој го слави животот, надежта и човечноста. Тоа е време на длабока духовна смисла и можност да се потсетиме дека општеството го градиме заедно – со отворени срца, солидарност и чувство на одговорност кон секој човек“, истакна Герасимовски. Тој порачува дека празничните денови се можност не само за духовно обновување, туку и за поттикнување на емпатија и конкретни дела на добрина, особено кон најранливите категории на граѓани.
„Нашата цел како локална самоуправа е да бидеме блиску до луѓето – да слушаме, да помагаме, да создаваме можности. Велигден нека ни биде потсетник дека никој не смее да биде заборавен, дека секое семејство заслужува достоинствен живот, и дека само преку заедничка грижа може да напредуваме како вистинска заедница. Во секој дом нека владеат љубов, разбирање и топлина. Да го споделиме празничниот дух со сите околу нас и да продолжиме заедно да го градиме Центар како отворена, грижлива и правична општина. Христос воскресе!“, вели Герасимовски.
Со почит,
Општина Центар