Полицијата извести дека ден пред Велигден уапсила тројца возачи поради прекршување на правилата за што се осомничени за „безобѕирно управување со моторно возило“. 47-годишен жител на Крива Паланка на магистралниот пат кај село Гиновце, на делница каде максимална дозволена брзина е 70 km/h, со своето бмв ја дуплирал брзината и возел 142 km/h. Тоа го сторил околу 11:30 часот, во сабота, среде ден кога е приведен.
Шофер од струшкото село Ливада, истиот ден околу пладне е фатен како со фолксваген престигнува цела колона возила на патот Гостивар Кичево, кај каменоломот. За среќа 59-годишниот возач не повредил никого, но полицијата го уапсила. Третиот возач кој е осомничен за член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ е 25-годишен возач од Росоман, кој на 20.04.2025 во 02 часот, во Кавадарци возел пијан, излетал од коловозот и удрил во бандера. Му измериле дека има 1,59 промили алкохол во крвта.
Два и пол часа подоцна, во блиина на селото Курија кај Неготино е уапсен 28-годишен жител на Неготино, кој украл кола и пијан возел по патот кога излетал. Полицијата го уапсила и му подготвува повеќе пријави.