Претседателот на САД Доналд Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“ најави можен договор меѓу Русија и Украина во неделата што ни претстои.
-Се надеваме дека Русија и Украина ќе постигнат договор оваа недела. Двете земји после тоа ќе почнат да прават големи бизниси со САД која просперира и ќе направат богатство, напиша Трамп.