„Али Ахмети, јас не сум му аргат никому. Чувај си го овој епитет за себе, ти кој им служеше со посветеност на противалбанските власти.“ – му реагираше вицепремиерот Арбен Фетаи на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откако овој продолжи да ги нарекува албанските претставници во владата „аргати“. Ова го објави ТВ Алсат.
Телевизијата ја пренесува реакцијата на Фетаи: Али Ахмети рече дека Арбен Таравари разбрал оти Албанците во владата станале аргати, кои го понижиле и го девалвирале својот народ. Колкаво лицемерство! Колкаво безобразие! Али Ахмети, јас не сум му аргат никому. Чувај си го овој епитет за себе, ти кој им служеше со посветеност на противалбанските власти, кои го легитимизираа секое злосторство кон Албанците. Кај беше ти кога вашите министри уапсија мајка и ќерка Албанка, лажно обвинети за исламистички тероризам? Дали некогаш сте проговориле кога државните структури убиваа албански патриоти? Дали кренавте прст кога толпи хулигани тепаа Албанци по улиците на нашите градови? Каде беше тогаш вашето достоинство?“
Ти си големиот патриот, кој го прегрна ‘Скопје 2014’ како национален проект и лавот на ВМРО ДПМНЕ како илирски симбол. Ти дозволи институциите финансирани од нашите даноци, да ги навредуваат Албанците на национална основа. Ти ги затвораше очите пред манипулациите со пописот на штета на Албанците. Ти си главниот одговорен, поради празнењето на земјата од стотици илјади Албанци, кои беа принудени да ги напуштат родните огништа заради залак леб.