СДС, Венко Филипче и Зоран Заев мудро молчат и немаат аргументи да реагираат, ниту пак ги демантираат нашите дилеми. Помина веќе недела дена како го покренавме прашањето за златната виза за Дубаи на Венко Филипче, по примерот на неговиот надреден и духовен водач, Зоран Заев. Нашите дилеми и прашања, по однос на златната виза, јавно ги покренавме и прашуваме дали е точно дека Филипче ја поседува и ако да, на кој начин ја стекнал? Но, одговор нема ниту од партијата СДС, на кое претседателско столче Филипче го постави токму Зоран Заев, за да му го чува грбот додека тој ги шири бизнисите. Овде ни се јави уште една дилема, на која СДС и Филипче треба да одговорат, дали нивниот молк е потврда на сите овие поставени прашања?
Одговор очекуваме и на дилемата дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката и од каде му се парите? Имајќи предвид дека Венко Филипче е верна сенка на Заев која секаде го придружува, се поставува прашањето дали Филипче исто така е поврзан со оваа афера? Затоа јавно и јасно прашуваме, дали Венко Филипче и Зоран Заев имаат златни визи за Дубаи? На кој начин ги стекнале и од каде им се парите? Дали тоа се парите спечалени на грбот и здравјето на граѓаните, местејќи тендери во корона кризата, додека народот барал лек?
Едно е сигурно, овие двајца со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата, а сега, најверојатно, тие пари ги вложуваат во приватни бизниси. Со години глумеа и ја убедуваа јавноста дека ја спасуваат Македонија, а тие, всушност, се спасувале самите себеси и нивните милиони украдени од народот. СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ