МАКТЕЛ

    

Светот се збогува со папата Франциск: Неговиот последен велигденски говор повикуваше на мир, сочувство и солидарност

      

Во последното велигденско обраќање пред неговата смрт, Папата Франциск упати повик за мир, слобода и солидарност со сите кои страдаат од војни, сиромаштија и неправда ширум светот. Во продолжение во целост го пренесуваме неговиот последен говор. Папата Франциск почина денеска (понеделник 21.04.2025 г.) на 88-годишна возраст, само ден по неговото последно појавување на балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде што одржа обраќање по повод Велигден. Неговата смрт следуваше по подолг период на влошено здравје и респираторна криза што го остави во критична состојба во последните месеци. На Велигден, тој се појави во инвалидска количка и им се обрати на верниците, но главната порака беше прочитана од друг.

Во својот последен говор, папата упати силен апел за прекин на насилствата ширум светот и за поголемо сочувство кон маргинализираните луѓе. „На овој ден, сакам сите да ја обновиме надежта и да ја разбудиме нашата доверба во другите – дури и во оние кои се различни од нас, кои доаѓаат од далечни земји, носејќи непознати обичаи и идеи! Сите сме Божји чеда!“, стои во пораката. Тој подвлече дека не може да има мир без слобода на религија, мисла и изразување, ниту без почитување на различните ставови. Посебен акцент беше ставен на конфликтот во Израел и Газа:
„Ги чувствувам страдањата на христијаните во Палестина и Израел, како и на целиот израелски и палестински народ. Ги повикувам завојуваните страни на прекин на огнот, ослободување на заложниците и итна помош за народот што гладува и копнее по иднина исполнета со мир“, порача папата. Пораката опфати и други глобални кризи, како во Украина, Јемен, Сирија, Либан, Мијанмар и неколку региони во Африка, при што повика на итни хуманитарни и политички решенија.

   

„Ги повикувам сите со политичка одговорност да не потклекнуваат на логиката на стравот која води кон изолација, туку да ги користат ресурсите за помош на сиромашните, борба против гладот и поддршка на иницијативи за развој. Овие се вистинските ’оружја‘ на мирот – оружја што градат иднина, наместо да сеат смрт!“, нагласи тој. Во говорот, папата побара и ослободување на воени и политички затвореници и повика на „вистинско разоружување“ како клучен чекор кон траен мир. Со порака на надеж, воскресение и човечност, Папата Франциск го заврши своето последно велигденско обраќање: „Во Господовата Пасхална Тајна, животот победи над смртта. Тој ни дава сигурност дека и ние сме повикани кон живот без крај, каде повеќе нема да се слуша тресокот на оружјето и ехо на смртта. Христос воскресна – навистина воскресна!“ Во продолжение пренесуваме превод на целосен текст на последната велигденска порака на папата Франциск, објавена од Ватикан на Велигден 2025 година: Христос воскресна, алелуја! Драги браќа и сестри, среќен Велигден! Денес, конечно, пеењето на „алелуја“ повторно одекнува низ Црквата, преминувајќи од уста на уста, од срце на срце, и тоа ги тера Божјите луѓе ширум светот да пролеат солзи радосници.

Од празниот гроб во Ерусалим ни доаѓа неочекувана радосна вест: Исус, кој беше распнат, „не е овде, воскресна“ (Лука 24:5). Исус не е во гробот – тој е жив! Љубовта победи над омразата, светлината над темнината, вистината над лагата. Простувањето победи над одмаздата. Злото не исчезна од историјата; ќе биде присутно до крајот, но повеќе нема надмоќ; повеќе нема власт над оние кои ја прифаќаат милоста на овој ден. Сестри и браќа, особено вие кои поминувате низ болка и тага – вашиот безгласен плач е чуен, вашите солзи се изброени; ниедна не е заборавена! Во страдањата и смртта на Исус, Бог го зел врз себе целото зло во светот и, со своето бескрајно милосрдие, го победи. Тој ја искорени демонската гордост што го труе човечкото срце и поттикнува насилство и корупција насекаде. Јагнето Божјо е победник! Затоа денес со радост можеме да изјавиме: „Христос, мојата надеж, воскресна!“ Воскресението на Исус е основата на нашата надеж. Во светлината на овој настан, надежта веќе не е илузија. Благодарение на Христос – распнатиот и воскреснатиот – надежта не разочарува! Spes non confundit! (Римјаните 5:5). Таа надеж не е бегство, туку предизвик; не мамка, туку сила.

Сите што ја полагаат својата надеж во Бога ги довeруваат своите слаби раце во Неговите силни и моќни раце; тие дозволуваат Тој да ги крене и да тргнат со Него. Заедно со воскреснатиот Исус, тие стануваат поклоници на надежта, сведоци на победата на љубовта и на разоружената сила на Животот. Христос воскресна! Овие зборови ја опфаќаат целата смисла на нашето постоење, зашто ние не сме создадени за смрт, туку за живот. Велигден е празник на животот! Бог нè создаде за живот и сака човечкото семејство повторно да воскресне! Во Неговите очи, секој живот е скапоцен! Животот на детето во утробата на мајката, како и животите на старите и болните, кои во сè повеќе земји се третираат како товар. Секојдневно сме сведоци на страшна жед за смрт и уништување во многубројните конфликти што беснеат во светот. Колку насилство гледаме, често дури и во семејствата, насочено кон жените и децата! Колку презир има кон ранливите, маргинализираните и мигрантите! На овој ден, сакам сите да ја обновиме надежта и да ја разбудиме довербата во другите – дури и во оние кои се различни од нас или доаѓаат од далечни земји, со непознати обичаи, начин на живот и идеи! Зашто сите сме Божји деца!

Сакам повторно да се надеваме дека мирот е можен! Од Светиот Гроб, Црквата на Воскресението, каде годинава Велигден заеднички го слават католиците и православните, нека светлината на мирот се рашири низ Светата Земја и целиот свет. Изразувам блискост со страдањата на христијаните во Палестина и Израел, како и на целиот израелски и палестински народ. Загрижувачки е растечкиот антисемитизам во светот. Во исто време, мислам на народот на Газа и особено на христијанската заедница таму, каде што ужасниот конфликт продолжува да предизвикува смрт и уништување, создавајќи драматична и жална хуманитарна состојба. Ги повикувам завојуваните страни: прогласете прекин на огнот, ослободете ги заложниците и помогнете му на народот што гладува и копнее по мирна иднина! Да се молиме за христијанските заедници во Либан и Сирија, кои минуваат низ чувствителен период од нивната историја. Тие копнеат за стабилност и активно учество во општествениот живот. Ја повикувам целата Црква да не ги заборави христијаните од саканиот Блиски Исток во своите мисли и молитви. Посебно мислам и на народот на Јемен, кој страда од една од најсериозните и најдолготрајни хуманитарни кризи поради војната, и ги повикувам сите на конструктивен дијалог за изнаоѓање решение.

Нека воскреснатиот Христос ѝ подари мир на Украина, разурната од војната, и нека ги охрабри сите страни да продолжат со напорите за постигнување праведен и траен мир. На овој свечен ден, да не ги заборавиме Јужен Кавказ и надежта дека наскоро ќе биде потпишан и спроведен конечен мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан, што ќе донесе посакувано помирување во регионот. Нека светлината на Велигден ги инспирира напорите за промовирање на хармонија на Западен Балкан и ги поддржи политичките лидери во нивните напори за смирување на тензиите и кризите, и, заедно со партнерските земји во регионот, да ги одбегнуваат опасните и дестабилизирачки постапки. Нека воскреснатиот Христос, нашата надеж, донесе мир и утеха на африканските народи – жртви на насилство и конфликти, особено во Демократска Република Конго, Судан и Јужен Судан. Нека ги поддржи и оние кои страдаат од тензии во Сахел, Рогот на Африка и областа на Големите Езера, како и христијаните кои во многу места не можат слободно да ја исповедаат својата вера. Не може да има мир без слобода на религија, мисла, изразување и почитување на туѓите ставови.

Мир, исто така, не е можен без вистинско разоружување! Потребата секој народ да се брани не смее да прерасне во трка за вооружување. Велигденската светлина нè поттикнува да ги урнеме ѕидовите што создаваат поделби и имаат сериозни политички и економски последици. Таа светлина нè повикува да се грижиме едни за други, да ја зајакнеме меѓусебната солидарност и да работиме за севкупниот развој на секој човек. Во овој период, да не го заборавиме народот на Мијанмар, кој со години се соочува со вооружени конфликти и сега храбро се справува со последиците од разорниот земјотрес во регионот Сагаинг, кој одзеде илјадници животи и остави многу преживеани – меѓу кои и сираци и стари лица – во тешка состојба. Се молиме за жртвите и нивните најблиски и од срце им благодариме на сите храбри доброволци кои учествуваат во спасувачките и хуманитарните акции. Најавата за прекин на огнот од неколку актери во земјата е знак на надеж за целиот народ на Мијанмар. Ги повикувам сите со политичка одговорност во светот да не подлегнуваат на логиката на стравот, што води до изолација, туку да ги користат ресурсите за помош на оние во потреба, за борба против гладот и за поддршка на иницијативи што поттикнуваат развој. Тоа се „оружјата“ на мирот – оружја што градат иднина, наместо да сеат смрт!

Нека начелото на хуманоста биде водилка на нашите секојдневни дела. Во свет каде што конфликти напаѓаат недолжни цивили, училишта, болници и хуманитарни работници, не смееме да заборавиме дека не се цели што се гаѓаат – туку луѓе, секој со душа и човечко достоинство. Во ова Јубилејна година, нека Велигден биде и повод за ослободување на воени и политички затвореници! Драги браќа и сестри, Во Господовата Пасхална Тајна, животот и смртта влегоа во величествена борба, но Господ сега живее засекогаш (сп. Пасхална секвенца). Тој нè исполнува со сигурност дека и ние сме повикани на вечен живот, каде повеќе нема да има оружја и смрт. Да му се довериме нему, зашто само Тој може сè да направи ново! (сп. Откровение 21:5) Среќен Велигден на сите! Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Студентите во Белград седма вечер ја блокираа РТС

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се последните што можат да зборуваат за грижа кон културното наследство – хаосот што го оставија зборува сам за себе

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е последната партија што може да зборува за правда и култура – тие се симболот на неправда, партизација и криминал

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане да ја понижува државата

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставка од Љутков за хаосот во културата

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен штипјанец, бил баран поради бегство од затворот Идризово

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода возач во Кавадарци затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода возач на патот Гостивар- Кичево поради престигнување на колона возила

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода неготинец, украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Sase Ivanovski

На Граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 20 минути

Sase Ivanovski

Гаши: Папа Франциско ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог

Sase Ivanovski

По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставка од министерот Љутков

Sase Ivanovski

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина по завршувањето на примирјето

Sase Ivanovski

Светските политичари му оддадоа почит на папата Франциско: Тој инспирираше милиони луѓе

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен ги предупредува ИКС, Mета и TикTок да ги почитуваат прописите во Европа

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи?

Sase Ivanovski

Лишено од слобода лице од скопско, превезувал стока без документација

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи?

Sase Ivanovski

Селото Стенче – долина на фотоволтаици

Sase Ivanovski

Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Почина папата Франциско: Што е следно во Ватикан?

Sase Ivanovski

Папата Франциско, првиот латиноамерикански понтиф кој служеше со шармантен, скромен стил, почина на 88 години

Sase Ivanovski

АХВ спровела 617 контроли, уништени 1.740 килограми небезбедна храна

Sase Ivanovski

Седми ден од блокадата на РТС: На студентите им се придружуваат и граѓани

Sase Ivanovski

САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно?

Sase Ivanovski

Нема подолги задржувања на граничните премини

Sase Ivanovski

ДУИ: Агенцијата „Рубикон“ – синоним за институционално прикривање

Sase Ivanovski

Невреме и поплави во Оклахома, двајца загинати

Sase Ivanovski

Жесток напад на Русија по примирјето за Велигден

Sase Ivanovski

Американскиот министер за одбрана повторно откри доверливи информации

Sase Ivanovski

СДСМ: Мерката за објавување цени е нефункционална и не им помага на граѓаните

Sase Ivanovski

На Предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани

Sase Ivanovski

Кина ги предупредува земјите да не склучуваат трговски договори со САД на нејзина сметка

Sase Ivanovski

По истекот на велигденското примирје, Соединетите Американски Држави изнесоа нов предлог

Sase Ivanovski

Трамп се заканува дека ќе го намали финансирањето на Харвард за уште една милијарда долари

Sase Ivanovski

Руски суд го прогласи Гугл за виновен за откривање информации за убиени руски војници во Украина

Sase Ivanovski

Во текот на неделата ќе се одржи трета рунда преговори меѓу Иран и САД околу атомската програма на Техеран

Sase Ivanovski

СРЕЌЛИЈА ОСВОИ 112 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ЛОТАРИЈА ВО САД Шансата за џекпот била еден спрема 209,47 милиони

Sase Ivanovski

ГАШИ ГИ НЕГИРА ГЛАСИНИТЕ ДЕКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ВРЕДИ Останува лојален на гласачите што го избраа

Sase Ivanovski

ПОРОИ, ГРМЕЖИ, ВЕТЕР, А МОЖЕН Е И ГРАД Следуваат денови со нестабилно време

Sase Ivanovski

ТОЈ Е НАЈБОГАТ АЛБАНЕЦ НА БАЛКАНОТ! Купил вила од 4 милиони евра во Белград, не знае ни колку коли има, а еве како заработува толку пари

Sase Ivanovski

(Фото) Додека државата празнува, Кочани се бори

Sase Ivanovski

Тинејџер падна од мотор, со тешки повреди на глава

Sase Ivanovski

Фетаи до Ахмети: Не сум му никому аргат, чувај го овој eпитет за себе, оти ти им служеше посветено на антиалбанските власти со твоите ајдуци

Sase Ivanovski

Триото Сиљановска, Мицковски и Тошковски Велигденските празници ги минуваат во државните вили во Охрид. На утринската литургија на поглаварот Стефан му дојде само Ѓорѓе Иванов

Sase Ivanovski

Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Полицијата во Германија со хеликоптер трага по убиец што застрелал двајца мажи во зграда

Sase Ivanovski

Дали е ова крајот на војната? Трамп се надева дека Русија и Украина ќе постигнат договор оваа недела

Sase Ivanovski

Стејт Департмент: Би поздравиле продолжување на Велигденското примирје во Украина

Sase Ivanovski

Спасувале животи во „Пулс“ а сега имаат намалена плата поради боледување?!

Sase Ivanovski

Лазаров предупредува: Во реваншот ќе ни биде потешко

Sase Ivanovski

Возачко „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Sase Ivanovski

Канадскиот премиер Марк Карни организирал оркестрирана распродажба на американските обврзници?

Sase Ivanovski

Зеленски им порача на Украинците на Велигден: „Злото може да има свој час, но Бог ќе има свој ден“

Sase Ivanovski

Користењето марихуана докажано е поврзано со дијагноза на деменција во рок од 5 години

Sase Ivanovski

Зачудувачката причина зошто Австралија ги гаѓа коалите на дрвјата од хеликоптери

Sase Ivanovski

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за  нови и подобри почетоци

Sase Ivanovski

Мицкоски со честитка до Емил Заев, претседател на Евангелско-методистичката црква

Sase Ivanovski

Честитка од претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод Велигден

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ го честита најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение

Sase Ivanovski

Герасимовски: Велигден е потсетник дека само заедно можеме да изградиме праведно и солидарно општество

Sase Ivanovski

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Sase Ivanovski

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Sase Ivanovski

Левица: ЗНАМ сака да го укине превозот на работниците во психијатриската болница – Демир Хисар

Sase Ivanovski

Британски ловци полетале два пати за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски авиони

Sase Ivanovski

Сар: Во интерес на Велика Британија е пораз на радикалните исламисти на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Неготинец украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Sase Ivanovski

Триото Сиљановска, Мицковски и Тошковски Велигденските празници ги минуваат во државните вили во Охрид. На утринската литургија на поглаварот Стефан му дојде само Ѓорѓе Иванов

Sase Ivanovski

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен возач од Крива Паланка, управувал возило со брзина од 142 км на час на место каде е дозволено 70 км на час

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Синоќа, пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се собраа голем број граѓани за да го одбележат најголемиот христијански празник – Велигден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО ЦРКОВНО НАРОДНАТА КУЈНА НА „СВЕТИ СПАС“ ГОДИШНО СЕ ПОДГОТВУВААТ ДО 70 000 ОБРОЦИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Попладнево, несреќа на патот кон Кичево

Sase Ivanovski

Видео: Масовни протести во САД против власта на Трамп

Sase Ivanovski

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со велигденска честитка: Велигден нека ни донесе утеха, мудрост и хуманост

Sase Ivanovski

Токио бара фер пристап во економските преговори со САД, вели јапонскиот премиер Ишиба

Sase Ivanovski
Вчитувам....